ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: МНР никогаш не вршело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките на историската Комисија

October 22, 2021 15:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи никогаш не правело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките што ги носат членовите на Комисијата за историско-образовни прашања со Република Бугарија. Вчера се одржа првиот ден од средбата. Се надевам дека денеска ќе има прогрес, членовите на Комисијата имаат прво и да се повлечат или да останат, и порано имаше неколку членови коишто се повлекоа заради различни причини, меѓутоа овој процес продолжува и ги охрабрувам членовите на Комисијата да се обидат да најдат решение за да се оди напред во договарањето.

Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи во одговор на новинарско прашање дека еден член од Комисијата поднел денеска оставка, поради, како што наведоа дел од медиумите, повикувајќи се на негово писмено соопштение, „обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата од страна на висок функционер на МНР“.

– Министерството за надворешни работи е координатор, односно го води овој процес на разговори со Република Бугарија и е надлежна институција за имплементација на Договорот од 2017 година. Во однос конкретно на работата на Историско-образовната комисија, МНР логистички ја поддржува Комисијата и затоа состанокот се одржува овде во Министерството, ресурсите ги обезбедува Министерството, Комисијата има договор потпишано со Министерството и оттука е односот на Министерството кон работата на Комисијата. Но, никогаш во однос на содржината, делокругот на работата на самата Комисија, рече Османи.

Тој додаде дека Министерството ќе учествува во обезбедувањето на формата и давањето на логистичката поддршка на работата на Комисијата.

– Се надевам дека денеска ќе има прогрес, членовите на Комисијата се разбира имаат прво и да се повлечат или да останат, и порано имаше неколку членови коишто се повлекоа заради различни причини, меѓутоа овој процес продолжува. Јас ги охрабрувам членовите на Комисијата да се обидат да најдат решение за да се оди напред во договарањето и на заедничките текстови за заедничко одбележување, меѓутоа и за препораките за учебниците. Колку што знам, вчера тема била Самоил чиј текст веќе е договорен од пред една година, меѓутоа прашањето било како тој текст и дали треба тој текст да се препорача како насока за учебниците. Така што се разговараше за прашање кое што веќе е апсолвирано уште минатата година. По однос на заедничкиот наратив немаше ништо ново како тема, за да може да има потреба од каков било политички притисок или, пак, за да има причина за политизирање на Комисијата во рамки на сегашниот предизборен контекст, рече Османи.

Во однос на тоа дали Комисијата продолжува и денеска со работа, Османи одговори потврдно, бидејќи состанокот е во тек.

– Јас немам информации што се случува во моментот таму. Меѓутоа, сакам да кажам дека Комисијата треба да продолжи со работа независно дали еден член се повлекува или не. Затоа Комисијата има седум члена, порано имало исто така повлекување, имаше и смена на еден член ако се сеќавате пред неколку месеци од моја страна. Тоа е процес во којшто Владата одлучува кои ќе бидат членови. Јас ќе видам кое е образложението на членот, ќе видам кое образложението на претставниците на Министерството коишто биле таму. За мене е многу важно овој процес да продолжи и да има конкретни резултати во нивната работа, дециден е Османи.  

За жал, додаде министерот, немаа ништо договорено вчера и тоа „многу повеќе ме вознемирува отколку тоа дали еден член поради различни причини се повлекол“. 

– Најважното е дека немало прогрес и немало договор за ниту една препорака вчера во однос на учебниците. Нема прогрес ниту денеска. На неколку состаноци пред вас изразив вознемиреност, по однос на текот на работењето на Комисијата од двете страни. Меѓутоа, ние немаме други инструменти за имплементација на Договорот освен продолжување на работата на Комисијата, истакна Османи.

Тој посочи дека ќе го разгледаат последниот случај, бидејќи сепак се случил непосредно пред прес-конференцијата и оти ги нема сите информации. За него е најважно Комисијата да продолжи со работа и оти МНР ќе продолжи логистички да го поддржи тој процес, и, повтори ниту се мешало ниту ќе дозволи да се меша во содржината и во одлуките што ги носат историчарите.

– Но, дека ќе поттикнам динамика, дека сум разочаран дека не прифатија да ја одржат средбата со физичко присуство, туку со онлајн – да, сум разочаран и јас планирам да преземам мерки во овој дел. И никогаш нема да дозволам, ниту јас, ниту кој од Министерството, да се меша во содржината, во насоката од стручните професионални насоки што ги имаат историчарите. Но, дека ќе реагирам секогаш кога ќе видам опортунизам, секогаш кога ќе видам немање ентузијазам да се продолжи овој процес ,тука ќе реагирам, затоа што сметам дека имаме одговорност пред граѓаните, заклучи Османи на прес-конференцијата по средбата со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Претседателот на македонско-бугарската Комисија Ѓоргиев: Еден член на Комисијата поднесе оставка, продолжуваме со работа

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп го проширува контроверзното распоредување на војници, на ред е Портланд

September 28, 2025

Цистерни полни со нафта излетаа од шини кај Косјериќ, Србија

September 28, 2025

МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk