ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Има доволно струја за домаќинствата, цената останува иста

October 22, 2021 16:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Производството на електрична енергија за домаќинствата е стабилно, а цената на струјата за домаќинствата нема да се менува. Акционерското друштво „Електрани на Северна Македонија“ го засили ископот на јаглен во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, заради стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и го оптимизира производството во хидроелектраните, гасната и ветерната електрана, изјави директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Ковачевски најави склучување на договор за набавка на јаглен за РЕК „Осломеј“ за негова континуирана работа од декември до април 2022 година. Додека за РЕК „Битола“, тој информираше дека повторно е распишан повик, со цел да се добие поголемо количество на јаглен, со поволна цена која ќе има економска оправданост.

– Истовремено, се прават координации со ТЕЦ „Неготино“ за започнување со работа на оваа термоелектрана и доколку се обезбеди мазут, истата ќе се стави во функција, вели Ковачевски, додавајќи дека електрична енергија за домаќинствата има доволно и дека цената останува иста.

Тој појасни дека поради високите цени на берзите во регионот и во Европа, набавката на јаглен ја спроведуваат по препорака на Владата, во соработка со Стопанската комора,  на отворен пазар. Набавката е наменета за стопанството и институциите, со цел тие да се снабдат со електрична енергија по пониски цени од моменталните./МИА/.

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Влада: Ниту сме се мешале, ниту сме влијаеле на работата на Комисијата за историски и образовни прашања

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk