ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Победата е наша, а поразот само нивен!

October 25, 2021 08:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Изборното статус-кво во Македонија, коешто со децении главно се сведуваше на судир помеѓу партиската левица и десница во „македонскиот блок“ и трката по „идентитетските“ гласови кај Албанците, почна да се распаѓа уште пред неколку години, а на овие локални избори сосема се растури на парам-парчиња. Не само што – на Балканот, еееј! – доживеавме предизборни мултиетнички коалиции, туку и прононсирани националисти од десниот дел од сцената отворено повикуваа(т) на меѓуетничка соработка како услов за освојување на власта.

Да, имало изборни меѓупартиски етнички дилови и порано, но секогаш „зад затворена врата“, со контроверзни посредници и канали за контакти (по бифеа на меѓуградски бензински пумпи, на пример) што лесно, по потреба, јавно се демантирале, за да се зачува „образот“ на националната и националистичката патетика врз која се темелеле „големите“ партиски математики за победа и пораз на изборите. Почесто таквите „помагања“ и „координации“ се сведувале на договарање меѓуетнички инциденти и провокации, нешто што, памтите, во десетте години на власт на Груевски беше доведено до совршенство во односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Се пресметуваа со навивачки групи, палеа знамиња, тепачки по автобуси, владината „шампита“ ја гаѓаа со зоља, едните дигаа крстови, другите орли од ламарина… На крајот, со дивеењето во онаа кумановска населба и нов меѓуетнички конфликт ќе се произведеше, само за да се остане на власт.

Денеска, на таа тема, натпреварот е кој ќе вети повеќе во концептот за „Едно општество за сите“, макар и со разни додавки и корекции и во самото име на тој проект. Сериозните националисти веќе не се ни осмелуваат неопходноста од реалната меѓуетничка соработка јавно да ја доведат во прашање. Кога човек ги слуша лидерите на партиите во чии имиња стојат именките или придавките од „националностите“ на нивната идеологија, жал да го фати за длабоката маргина во која се потонати искрените, националистички, крајни десничари. На пример, еден Тодор Петров веќе не е ни фуснота во предизборните стратегии на разните опскурни „приврзоци“ кај вмровците.

Какво време дојде, само Апасиев пискаво ветува сечење раце и глави. На комитските теревенки орелскиот „маникир“ на Љубиша Георгиевски веќе не се ни памти, а се пеат само етнички „коректни“ нумери, како да си на некаква другарска вечер на медицински сестри во Врњачка Бања. Ни на Гоце „Вегета“ не му текна да посоли „Зачинал“, а ќе го враќаше во употреба знамето од Вергина!

Денеска, конечно, стана главна политичка мода да се зборува за корупција, за социјален стандард и за функционирање на правната држава, иако добар дел од најгласните критичари на власта на овие теми (со гласна помош на нивните процесни адвокати и партиско-пропагандни канти за тропање) сѐ уште се борат во правните лавиринти за, евентуално, да ја докажат својата невиност. Како со Шарената револуција: разни фејсбук-иверки и манекени денеска арогантно држат лекции по храброст и демократија, иако тогаш нивниот ризик се сведуваше на тоа дали дента на маршевите ќе врне, а чадорот го заборавиле дома. Колкумина собраа храброст пред десетина години да истрчаат како независни кандидати на избори, кога со шепот и во кафеани се спомнуваше Името Негово, а не па да настапат самостојно, по седењето во коалицијата на власт со ВМРО-ДПМНЕ!?

Тоа, само по себе, е голема победа на омразениот од опозицијата и „игнорираниот“ од голем дел од гласачите во првиот круг од локалните избори, Зоран Заев. Нормализацијата на политичкиот амбиент во Македонија, во која – на пример – веќе никој не ги ни спори изборните резултати (ги мрзи дури и приговори до ДИК да поднесат!), е, првенствено, негова заслуга… Од која, видовме, во демократијата не може ни „пет минути“ да се живее. Дури, на негова сметка ќе оди и враќањето на „волкот“ чие крзно личи на ново-новцато, како да е вчера за првпат демократски облечено. Забавата продолжува.

 


Преземано од ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ердоган си пука во нога

НАЈНОВО

Во Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус

October 19, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ЈОРСМ: Мирен изборен ден со изолирани случаи на поткуп и фотографирање гласачки ливчиња

October 19, 2025

Висока излезеност во Крива Паланка, Ранковце и Кратово

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе од скандал: Трамп објави видео креирано од ВИ како фрла измет врз Американците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk