Полициски службеници од Полициската станица Неготино денеска околу 10.30 часот на улица „Индустриска“ во Неготино го лишиле од слобода П.Ц.(24) од Неготино, поради тоа што околу 8 часот со закана со остар предмет од вработени во казино во градот одзел пари и побегнал.
Како што соопшти МВР, при преглед кај него биле пронајдени парите и биле вратени во казиното. П.Ц. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.