Популарниот британски пејач Ед Ширан е заразен со коронавирус, поради што дружењето со фановите ќе мора да го продолжи преку виртуелните платформи.
Покрај редовните настапи, Ширан е присилен да го одложи и гостувањето во емистијата Saturday Night Live (SNL). Сѐ уште не е познато дали целосно ќе го откажи и тој ангажман или ќе го одработи од дома.
Британецот во наредниот период требало да го промовира својот нов четврт студиски албум, кој ќе се објави на 29 октомври оваа година. Како најава за албумот, тој неодамна ја објави песната “Visiting Hours”.