Дали некогаш сте се прашале што е потребно за добра фотографија?
Некои велат дека треба да имате добра камера, други дека е важно совршено место за позирање, на трети им е важно осветлувањето или аголот на фотографирање…
Кога се работи за познатиот нигерски фотограф Ибор Едоса Виктор, кој на Инстаграм го следат речиси 200.000 корисници, најважна е визијата, а сè друго може лесно да се поправи.
Ибор на своите следбеници им покажува како настанале неговите фотографии, односно што се случува зад сцената.
Од неговите фотографии очигледно е дека за добра фотографија не е потребно да имате совршено место, туку способност за уредување фотографии.
Начинот на кој тој ги уредува фотографиите, ги воодушевил неговите Инстаграм следбеници и многумина се изненадено кога ќе видат тие како и каде настанале.
Во продолжение погледнете ја разликата.