ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

„Што ќе се случи ако победат?“

October 26, 2021 09:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТРИТ САРАЧИНИ / ЦИВИЛ Медиа

Закани со убиства, бесење, прогони, затвор, ќотек, судења по кратка постапка…Во последните денови пред вториот круг на локалните избори се соочуваме со експлозија на навреди, говор на омраза и насилство, насочени не само кон кандидати и учесници на изборите, туку и кон други јавни личности, интелектуалци, новинари, граѓански организации и активисти.  Иако се кривични дела што би требало да се гонат и казнуваат, овие закани кои неретко и се реализираат, остануваат – неказнети.

А кога заканите не се санкционираат, тоа не само што создава впечаток дека се оправдани и дозволени, туку ги охрабрува криминалците и насилниците да преминат од зборови на „дела“, како што е забележано честопати во минатото, а и во неколкуте насилни инциденти деновиве. „Ќе видите ако победиме…“.  Ете, во малку зборови, тоа е одговор на прашањето што многумина си го поставуваа: „Што ќе се случи ако победат?“.

Чудно е колку бргу заборава оваа јавност. Па одговор на истото прашање доби неодамна, пред само една година, на предвремените парламентарни избори во јули 2020-та. Тогаш, полицијата раководена техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев, повика во полициска станица граѓани што напишале на Фејсбук дека „Северна“ треба да се чкрта од гласачкото ливче, што, без оглед колку со тој став се согласува некој или не, е нивно уставно право.

Одговорот на прашањето „што ќе се случи ако победат?“ се гледа – од авион. Пробан е низ повеќегодишната пракса на владеење, повторен е повеќепати, јасен е доволно за да допре до секого и да го оствари посакуваниот ефект.

Ефектите што сакаат да ги постигнат насилниците се два: Прво, да ги заплашат сите гласови во општеството што не се со нив. Со молкот на неистомислениците, остваруваат доминација во јавната перцепција дека се „во право“.

Второ, така ги охрабруваат и мобилизираат нивните поддржувачи, „топовското месо“ кое се спремни да го жртвуваат во битката, „корисните идиоти“ опиени од црна пропаганда, опремени со списоци за ликвидација, кои ја јаваат и силуваат јавноста под заштита на неказнивоста. Обично тие на крај го спроведуваат насилството во реалноста, како што беше во Собранието на 27 април 2017. И по таков настан, кај нас следуваа казни но не за сите, туку само за извршителите на насилството кое со години го поттикнува, потхранува и организира некој друг. Погодете кој.

Може некому му одговара да се прави недоветен или дека не разбира, да премолчува од опортунизам или од страв, да бара „баланс“ и еднакви минути меѓу насилниците и жртвите, но, тоа е одговорот. Затоа, јавноста не треба да губи време со стопати одговореното прашање – „што ќе се случи…?“. Ќе се случи тоа што ќе се случи. Веќе – виденото. Со далеку помалку шанси потоа да се оправи работата.

Прашањето е, дали граѓанките и граѓаните, како стопани на државата, посакуваат таква иднина?

И на ова прашање граѓаните дадоа одговор повеќе пати. И во Шарената револуција, и со целата поддршка дадена да се победи насилничкиот режим на Груевски. Таа поддршка за борба против насилството и омразата, за жал, не беше адресирана соодветно, туку воглавно продолжи неказнивоста на насилниците и мразачите.

Можеби толеранцијата кон пропагандата и вербалното насилство за некого билa влог во ослободувањето на државата од едноумието, инвестиција во плурализмот, помирувањето, „големата слика“… Но, за такво танго – треба двајца. А од едната страна, наместо тоа, постојано стигнуваат сопки, опструкции, кочења, бојкоти, закани, постојано истиот одговор: „Ќе видите ако победиме…“.

Затоа, наместо барање одговори на милион пати одговорени прашања, треба да се бара чаре. Чаре кое гарантира еднаквост за сите, и заштита од закани за сите. А такво чаре имаме запишано во нашите закони. Лекот е тука, но никако да почнеме да го користиме.

Треба да престане институционалниот молк пред насилството и омразата. Треба оние што ги поттикнуваат да одговараат и да бидат засрамени, а не нивните жртви. Така и јавноста нема да се плаши и да молчи пред насилниците. Така ќе дојдеме до состојба граѓаните да не бидат бомбардирани со пропаганда, насилство, страв. Тоа е вистинскиот одговор на заканата: „ќе видите ако победиме“, а не плашење со прашањето „што ако победат…?“

Сè друго, е дел од познатите одговори. Едно те исто, тапкање во место, тонење во минатото, во конфликти, поделби, и уште повеќе омраза и насилство. Без оглед кој ќе дојде на власт. Доста е. Видено е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk