ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Државата е целосно подготвена за стабилизирање на цените од енергетскиот шок во Европа, порача Заев

October 26, 2021 16:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев не очекува инфлацијата да надмине три отсто до крајот на годинава и вели дека државата е целосно подготвена за стабилизирање на цените од енергетскиот шок кој се случува во Европа.

– Инфлацијата не очекуваме да биде поголема од три проценти, а според последните податоци кои ги имаме е 2,8 проценти. Не очекуваме зголемена инфлација ни за годинава, ниту за годините што следат до 2026-та. Курсот на денарот е стабилен има и стабилни цени. Меѓународниот пазар има влијание врз цените на некои од производите, како што беше со маслото за јадење чија цена се зголеми пред шест месеци насекаде, или цените на нафтените деривати и во моментов на природниот гас и на електричната енергија на берзите. Тоа не зависи никако од нас, но државата е целосно подготвена за стабилизирање на цените од енергетскиот шок кој се случува во Европа, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната  прес-конференција во Владата на која беше најавен Планот за за забрзан економски развој 2022 – 2026 година и додаде дека имаат капацитети, средства и алатки за да се справат со тоа.

Тоа, како што рече, само по себе е најголем показател за стабилната економска состојба и финансиските капацитети кои ги има државата за да им биде на располагање на граѓаните, приватните и правните субјекти во земјава.

– Средствата кои се планираат за Планот за забрзан економски развој 2022 – 2026 година нема да се само од кредити, туку и од сопствени средства. Колку земаме кредити толку враќаме, а во иднина, имајќи предвид дека таргетираме дефицит од 2,2 процента, а сега имаме 6,5 проценти, тоа значи дека помалку ќе земаме кредити, а повеќе ќе враќаме. Менаџментот со јавните финансии и акцелераторската можност за поттикнување на домашните и странските инвестиции  се најголема потврда за солидната економска состојба во државата и дека сме на добар пат, потенцира Заев.

Како земја членка на НАТО, посочи премиерот, се надевам дека во 2022 година и со отворени поглавја и кластери со ЕУ, пријатели со соседите и добри односи дома и во регионот, сето тоа ќе даде дополнителен ветер во грб на забрзаниот економски раст.

Најави дека најголемите инвестиции што ќе се реализираат во следните четири години ќе бидат од областа на енергетиката и ја напомена веќе објавената германска инвестиција на ВПД во износ од  500 милиони евра за изградба на ветерен парк во Свети Николе.

Тој посочи и бројни инвестиции во фотоволтаични и ветерни електрани во приватна и државна сопственост во вредност од повеќе стотици милиони евра, 300 милиони евра за гасификација на градовите ширум државата, изградба на топловоден систем во Битола во вредност од 30 милиони евра, реконстуркција на ТЕЦ Неготино, изградба на повеќе автопатишта, експресни и локални патишта и железнички линии, водоводни и канализациски мрежи, прочистителни станици, депонии.

извор: МИА

Next Post
Јане Ѓорѓиоски

Ја заслужуваат ли скопјани и Скопје, Данела Арсовска?!

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk