-Ја гарантираме стабилноста на цената на струјата и правиме се што можеме да им излеземе во пресрет на граѓаните. Мораме во оваа ситуација да ги помогнеме и правните субјекти, дали државни или приватни, исто како и на домаќинствата. Во време на економска криза и во време на пандемија нам ни растат економските перформанси, ја намалуваме невработеноста. Јавниот долг од 64 отсто, сега е намален на 60 отсто, за цели четири проценти што е многу значајно за нас. Ние ова го правиме во време кога јавниот долг им расте на речиси сите држави во светот. Тоа е знак дека имаме иднина на државата, изјави премиерот Зоран Заев, во интервјуто на телевизија Канал 5.