ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За слободата

October 29, 2021 15:12
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БЕСА АРИФИ

Слободата прави човекот да биде човек а не роб. Слободата му дава значење на животот. Да се биде слободен значи да можеш сам да одлучуваш за својата судбина, да изразиш своја мисла и да не бидеш прогонет за тоа. Да бидеш слободен значи да бидеш одговорен за своите дејствија. Слободата е најдрагоцената вредност, бидејќи без слобода животот е залуден.

Човекот се навикнува на слобода и добива впечаток дека отсекогаш бил слободен. Човекот ја потценува слободата, дури и кога истата ја добил со голем труд. Човекот брзо заборава како е да се живее во ропство. Човекот ја зема слободата здраво за готово, ја запоставува, и многу брзо е спремен повторно да ја изгуби.

После само неколку години забораваме дека до скоро живеевме во заробена држава. За таква ја оценија Северна Македонија најрелевантните меѓународни извештаи само неколку години порано. Токму тие извештаи сега го фалат напредокот во ова држава, ја фалат нејзината прозападна и демократска ориентација. Токму тие извештаи го издигнуваат во пиедестал како најголемо достигнување Договорот од Преспа како најбитен чекор напред во поновата историја на ова држава.

А сепак, ние сме спремни да ги вратиме на власт тие од чие ропство едвај се спасивме. Колку брзо забораваме како беше да не бидеш слободен да го кажеш тоа што го мислиш, да не можеш слободно да ја критикуваш неправедната власт, да немаш никаква западно-ориентирана перспектива, да не можеш слободно да живееш. Колку брзо човекот е спремен да заборави сé, да се врати таму каде што беше порано, и повторно да се занимава со веќе апсолвирани теми. Колку чудно е да очекуваш дека една нереформирана партија со почесен претседател бегалец во Унгарија ќе направи промена и ќе овозможи подобар живот за сите. Колку неспремни се однесуваме да ја зачуваме мачно заработената слобода.

Без разлика со колкав труд била освоена, слободата многу брзо може да се изгуби. За жал, слободата се освојува многу тешко а се губи за еден миг. За жал регресот е многу полесен од прогресот. Превртувањето во бездна е несразмерно полесно од напорот да се излезе од таму.

Слободата треба да се заслужи. Ако не ја заслужуваме, брзо ќе ја изгубиме.


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржана

Next Post

Продажбата на индустриски роботи ја надмина пандемиската криза

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk