На својот фејсбук профил пратеникот од Бошњачката заедница Зекир Рамчиловиќ, обелодени доказен материјал за реваншизам и пресметка со неистомисленици во една од општините каде што на столица седна градоначалник од опозициската ВМРО – ДПМНЕ
Господине Нацков, не сте избрани да им го земате лебот на Бошњаците кои чесно работат и заработуваат! Не сте избрани да бидете градоначалник за да ги делите граѓаните по партиска, етничка, верска или друга припадност! Не сте избрани да бидете градоначалник само на партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ! Избрани сте да ја водите општината и да го подобрите животот на граѓаните Доколку сакате да бидете Градоначалник вратете ги на работа луѓето на кои еднострано им го раскинавте договорот! Затоа почитувани граѓани, почитувани Бошњаци во недела излезете на гласање, гласајте за напредок и просперитет. Немојте да дозволите да дојдат луѓе во Скопје и други општини кои знаат само за закани врз чесните граѓани и работат за тесно партиски интереси!
Фејсбук статус на Зекир Рамчиловиќ, пратеник од Боошњачката заедница.