Градоначалникот на Скопје и кандидат за уште еден мандат Петре Шилегов го демантира лидерот на Левица, Димитар Апасиев и вели дека неговиот син нема сопственост на деловен простор во новоотворениот Ист Гејт.
„За разлика од противкандидатката, јас веднаш отворено и експлицитно демантирам. Лажните вести нема да ви пројдат на овие избори. Како што веќе покажа, „привезокот” дообработува за газдата.
Скопјани не се наивни луѓе. Џабе ги потценувате. Мојот син нема сопственост на деловен простор во новоотворениот East gate.
П.С. Вашата омраза кон сѐ што живее, нема да ја победи мојата љубов кон Скопје и скопјани!“, објави Шилегов на својот Фејсбук профил.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев без да приложи никакви докази, неколку часа пред да започне изборниот молк на Фејсбук и Твитер објави лажна вест дека синот на Петре Шилегов поседувал луксузен деловен објект во новоотворениот трговски центар Ист Гејт.
извор: Мониторинг тим на ЦИВИЛ