ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Наводи, снимки и приведувања за поткуп на гласачи, ќе се градат луксузни ски центри на Јабланица, Бушова планина и Караџица

October 30, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Наводи, снимки и приведувања за поткуп во очи втор изборен круг. Вие решавате, дали утре ќе сукате јуфки за папата или ќе гласате за себе, пишува Бранко Тричковски. Од ДИК не очекуваат проблеми со гласањето со отпечаток од прст. Ќе се градат луксузни ски центри на Јабланица, Бушова планина и на Караџица..

ФРОНТ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Јуфки… Македонија е автобус што излетува на првата кривина викана курац. Со големо К. Вие решавате, дали утре ќе сукате јуфки за папата или ќе гласате за себе, пишува Бранко Тричковски.

Скица на една агонија. Еве една скица на агонијата во која ќе влеземе ако веќе утре не го сопреме подемот на нацифашистите, чипираните идиоти, лудаците и другите експонати и експоненти на болниот дел од општеството, пишува Тричковски.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ / ПОТКУП

Приведени две лица за давање поткуп за гласови во Скопје. Денеска (30.10.2021) околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.З. (59) и А.С. (63) од Скопје кои во скопската населба Даме Груев давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“.

Снимка од поткуп на гласачи во Ѓорче Петров.  Роми, жители на Ѓорче Петров оставаат лични карти на еден ден пред вториот изборен круг. Неофицијално, станувало збор за поткуп, непосредно пред изборниот ден, за време на изборниот молк. Ова се случувало во двор на куќа, каде дестици Роми биле повикани да ги донесат личните карти.

ОЈО Делчево проверува наводи за изборен поткуп. Како што соопштија од Службата за односи со јавноста на Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, Јавен обвинител дал насоки и се преземаат дејствија за прибирање докази и податоци.

Натепан и испрскан со спреј малолетник додека лепел плакати од политичка партија. Од Министерството за внатрешни работи велат дека денеска (на 30.10.2021) во 01,20 часот М.Т.(44) од с. Василево пријавил дека на 29.10.2021 околу 23,30 часот, додека неговиот син лепел плакати од политичка партија во непосредна близина на домот на културата во с. Василево, дошол К.Ц.(18) и почнал да лепи плакати врз плакатите од друга политичка партија.

Од ДИК не очекуваат проблеми со гласањето со отпечаток од прст, имало дополнителни обуки. Во првиот круг од изборите, проблеми со уредите за биометриска идентификација имаше во голем дел од гласачките места, па граѓаните гласаа со оставање отпечаток од прст на хартиениот избирачки список.

Фото: МИА

Во општина Гостивар денеска гласаат 123 болни и немоќни лица. Канцелариите на Народниот правобранител отворени в недела за пријавување на повреда на избирачко право.

ЕКОНОМИЈА

Ќе се градат луксузни ски центри на Јабланица, Бушова планина и на Караџица. Целта на овој проект, истакна в.д. директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески, е да го стимулира и да даде силен импулс за развој на домашниот туризам и економија. Идејата е новите туристички центри да се користат од страна на посетителите во текот на целата година и летниот и зимскиот период.

Нашиот јавен долг оди надолу, иако на светско ниво долгот се зголемува. Јавниот долг е намален за 3,8 отсто во однос на вториот квартал од 2021 година, кога изнесуваше 63,1 отсто. Со тоа се потврдува дека економијата во Северна Македонија е поставена на здрава фискална политика и добро управување со јавните финансии. Намалувањето на долгот се должи пред се на исплатата на Еврообврзницата издадена во 2014 година, во износ од 500 милиони евра.

И. Т. З.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Идната недела промоција на автобиографијата на Кирил Лазаров

НАЈНОВО

ЦИВИЛ во Рим на настан  „Одбрана на демократијата и човековите права – Од препораки кон акција“

September 27, 2025

СДСМ: Нема крај аздисаноста на фамилија Тоневски и ДПМНЕ во Пробиштип, скандал до скандал

September 27, 2025

Тошковски на отворање на спомен биста на полицаецот Тоше Тодоровоски кој трагично ззагина спасувајќи млади во пожарот во дискотеката „Пулс“

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk