ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Тензично во Кочани, уредник на еден портал се заканува со убивање

October 31, 2021 07:40
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ пријавува дека се дојдени извештаи од набљудувачите на терен, како и од неколку граѓанки и граѓани за грубо кршење на изборниот молк и за притисоци и закани во Кочани.

Лидер на една политичка партија и пратеник од истата партија заедно со екипа на еден интернет портал го кршат изборниот молк, вршат притисок и се закануваат на Ромите во Кочани, се вели во извештаите од теренот.

Лидерот на политичката партија во еден момент пред полициската станица во градот нервозно се обратил до граѓаните од ромска националност со зборовите: „видете ме добро, ние пак ќе се видиме, никој не ви се плаши“, откако неколку Роми му кажале дека не може со сила да ги натера да гласаат за нив.

Инаку, пратеникот и екипата од интернет порталот во иста кола денеска отидоа во ромското маало во Кочани, каде што ги снимаа граѓаните пред нивните домови. Штабот на една политичка партија всушност е дом на едно од лицата кои беа инволвирани во настанот, кој побара од пратеникот и новинарот да не го снимаат пред неговиот дом.

Уредникот на тој портал во едно вклучување во живо се заканил дека од Охрид директно оди во Кочани за да се пресмета со Ромите.

„Да видиме кој кого ќе убие, или тие нас или ние вас. Со едно 15 луѓе одам таму да видиме кои се тие. Ако треба и со тупаници ќе се пресметаме. Од никого не се плашиме“, вели уредникот на порталот.

Откако се пофалил дека со 15 силни луѓе оди во Кочани, по речиси еден час се појави видео каде што заедно со екипата на интернет порталот беше и лидерот на политичката партија и пратеникот.

ЦИВИЛ апелира до сите политички партии да ги смират страстите и да не го кршат изборниот молк, да не упатуваат закани и да не вршат притисоци само неколку часа пред гласање. ЦИВИЛ бара надлежните органи да реагираат и да ги заштитат и да им овозможат на граѓаните слободно да го изразат своето гласачко право.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Next Post

ЦИВИЛ со пет изданија на Изборен рапорт во текот на изборниот ден

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk