Излезноста на гласачите на вториот круг од Локалните избори до 13 часот е 24,87 отсто. Гласале 269 674 гласачи, што значи дека излезноста е поголема од минатиот прв круг во ова време, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.
Тој информира дека по општини, во Вевчани на гласање излегле 52,46 отсто, Ранковце – 47,76, Демир Капија -44, 41, Конче – 42,65, Пехчево -42,18, Демир Хисар – 39,68 отсто… Досега, како што рече Даштевски, мала излезност има во Сарај – 9,74 отсто, Теарце – 15,85 и Шуто Оризари -15,08 отсто.
Даштевски оцени дека денеска е многу мирен избирачки ден, нема пријавено никави проблеми со уредите за биметриска идентификација на гласачите. Нема пријавено дека некој не е пронајден во Избирачкиот список и апелираше така да продолжи до крајот на денот.
-Во текот на денешниот ден има 178 приговори, од кои 157 се прифатени, 12 се одбиени, а девет се за гласачи кои биле во избирачки списоци, информира Даштевски. Апелираше до сите општински изборни комисии и избирачки одбори да обрнат внимание до овластените претставници, т.н.набљудувачи и новинари.
Даштевски информира дека во вториот круг од Локалните избори нема создавање редици и додаде дека тој своето избирачко право го остварил околу 12 часот.
Следната прес-конференција на ДИК е во 15.30.