Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија можеа да гласаат во вториот круг од Локалните избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Како што информира претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, гласањето ќе продолжи на неколу избирачки места, каде што имало прекин на изборниот процес повеќе од еден час. Продолженото гласање ќе биде толку колку што траел прекинот.
Според податоците на ДИК, излезноста до 18:30 часот е 48,88 отсто.
Во вториот круг од седмите Локални избори се гласашe за градоначалници во вкупно 44 општини на 2481 избирачко место. Право на глас во овие општини имаат 1 353 990 избирачи.
Повторување на гласањето за градоначалник и за совет имашe на едно избирачко место (0543) во Дебар, а ќе се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.
Поради пандемијата со Ковид -19, Локалните избори се спроведуваат со почитување на општите мерки за заштита од Ковид-19. /МИА/.