На ИМ 2021/1, Теарце, во ОУ Асдрени, с.Глоѓи, набљудувач од една политичка партија, со цртки ги зебележувал гласачите кои се означени како нивни гласачи, ги испраќал и зборувал на телефон на гласачко место.
Изборните нерегуларности како што се притисоци, поткуп, злоупотреби, проблеми со Избирачкиот список, кршење на изборниот молк, говор на омраза, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.
Пријавите може да поднесуваат на веб страницата slobodniizbori.info или во Граѓанската пријава која лесно се наоѓа и со клик на банерот Стоп за лажните вести и говорот на омразата на интернет порталот civilmedia.mk.
Извор: ЦИВИЛ