Максим Димитриевски останува градоначалник на Куманово.
Оливер Илиевски од СДСМ му ја честиташе победата, и му порача повеќе да инвестира во Куманово.
– Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани од Куманово кои гласаа. Им честитам на победниците и им порачувам Куманово да го управуваат добро и добро да инвестираат. Нашата програма им стои на располагање, изјави Илиевски.
Ќе ги разгледаме програмите од нашите противкандидати, а добрите проекти ќе ги имплементираме во заедничка програма која има за цел да го подобри животот на кумановци, возвратија од „За наше Куманово“.