Премиерот Зоран Заев, кој вчера по изборниот пораз на локалните избори си поднесе оставка од лидерската позиција на СДСМ и од премиерската функција, за денеска попладне ги повикал во влада на состанок лидерите на коалиционите партии, Ахмети, Касами и Тачи, пренесе Телма.
Оставката на Заев сè уште не е доставена во Собранието.