ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска-Бежоска: Силна финансиска регулатива за натамошно јакнење на финансиската стабилност

November 2, 2021 11:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, како претставник на шесте земји од Западен Балкан во Одборот на Виенската иницијатива, учествуваше на две панел-дискусии во рамки на Годишната конференција на Виенската иницијатива, што годинава се одржа во Хрватска.

– Со оглед на недоволната развиеност на пазарите на капитал во регионот на Западен Балкан, банкарските системи се главниот надворешен извор на финансирање на корпоративниот сектор. Оттаму, солидната кредитна поддршка во текот на пандемијата им помогна на претпријатијата полесно да се справат со ликвидносниот шок со кој се соочија. За да се продолжи со кредитната поддршка на компаниите, што е особено важно кога се намалува фискалната поддршка, неопходно е одржување на  капиталните и ликвидносните капацитети на банкарските системи, истакна гувернерката на првата панел-дискусија посветена на предизвиците на банкарскиот систем што ја водеше директорот за финансиски систем на Европската банка за обнова и развој, Франсис Малиг.

Таа посочи дека за натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем, заедно со Министерството за финансии, ќе се продолжи со зајакнување на домашната регулатива и нејзиното натамошно усогласување со европската. За таа цел, како што нагласи, е подготвен и новиот Закон за финансиска стабилност, а се работи и на нов закон за решавање банки и нов закон за банките.

На втората панел-дискусија посветена на предизвиците на монетарните политики во регионот на ЦЕИ, што ја водеше потпретседателот на ЕБОР, Марк Боуман, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека една од научените лекции од глобалната економска криза е дека не треба да има прерано повлекување на поддршката за реалниот сектор, бидејќи тоа може да го забави процесот на закрепнување на економијата. Политиката што ќе ја води Народната банка во претстојниот период, како што подвлече Ангеловска-Бежоска, ќе биде насочена кон поддршка на економскиот раст, имајќи го предвид солидното ниво на девизните резерви и инфлациските движења.

– Сепак, просторот за реакција на макроекономските политики не е неограничен и оттаму, неопходно е да им се посвети поголемо внимание на структурните политики, коишто се клучни за  зголемување на долгорочниот потенцијал за економски раст, посочи Ангеловска-Бежоска.   

На форумот учествуваа гувернери на централни банки и првите луѓе на регулаторни тела, претставници на Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светска банка, како и претставници од најголемите банкарски групации.

Виенската иницијатива е рамка за задржување на финансиската стабилност на земјите во развој во Европа, формирана како одговор на Светската финансиска криза. 

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Јаневски: Очекуваме наредната година да бидат остварени 2,5 милиони ноќевања

НАЈНОВО

Од автобуси и депонии до „црвени линии“: Зошто локалните избори се претвораат во геополитички театар?

September 27, 2025

Мемиши учествуваше на „Денот на гравот“ во Теарце: Оваа организација е доказ за соживот – ја надминува и етничката граница!

September 27, 2025

Мицкоски до кандидатите за градоначалници: Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мицкоски за Лукароски: Сотир ми е другар од детство и нема да ги изневери карпошани.

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk