ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Шахпаска-Галовеј: Унапредувањето на положбата на Ромите е заеднички приоритет

November 2, 2021 14:13
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална работа, Јагода Шахпаска, денеска одржа средба со амбасадроката на Обединетото Кралство во нашата земја, Н.Е. Рејчел Галовеј. На средбата министерката и амбасадорката разговараа за тековните проекти на Министерството, со посебен акцент на проектите кои се однесуваат за помош и реинтеграција на Ромите во време на ковид-криза.

„Успешно ја реализираме втората фаза на Програмата РОМАКТЕД, 2021-2024 година. Зајакнување на ромската заедница на индивидуално ниво, како и на ниво на заедница, подобрување на капацитетите и на знаењето, како и подобрување на квалитетот на живеењето и ублажување на ефектите од пандемијата со КОВИД-19 се нашите приоритети“, изјави министерката Шахпаска.

Таа исто така потенцираше дека преку проектот „ЕУ за вклучување“ се обезбеди грант во износ од 3.2 милиони евра, за легализација и реконструкција на домовите на Ромите во општините Прилеп, Битола, Кичево, Берово и Штип.

Британската амбасадорка Галовеј уште еднаш ја потврди поддршката на Британската Амбасада во политиките на Министерството за труд и социјална политика. Таа изрази подготвеност да помогне во процесот на реализирање на проектите и од истите очекува позитивни ефекти.

„Законот за лица неевидентирани во Матична книга на родени е пример за решеноста на Владата на Република Северна Македонија да им помогне на лицата кои не можат да ги остварат човековите права поради непоседување на документи“, рече министерката, притоа нагласувајќи дека  на терен биле идентификувани околу 700 лица без документи, а барање за привремен извод поднеле околу 200 лица.

Министерството за труд и социјална политика и Британската Амбасада ја продолжуваат својата соработка за поддршка на најранливите категории на граѓани и создавање на едно општество за сите.

Next Post

ФАЦ: Поразот и оставката на Заев е и пораз на ЕУ

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk