ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предлог-законот за заеднички гранични премини со Албанија е испратен во Собрание

November 2, 2021 16:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Владата денеска го утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли.

Според текстот на законот, станува збор за гранични контроли со едно застанување (One-stop shop), и поедноставени постапки, кои се спроведуваат на еден заеднички граничен премин.

Концептот на заеднички гранични контроли и поедноставени постапки на единствен граничен премин води кон забрзување и поедноставување на протокот на граничните премини.

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција, како и текстот за Предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за црноморска економска соработка.

Министрите во Владата денеска ја разгледаа и усвоија и информацијата за клучните наоди и препораки од Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година, во кој се констатира дека земјата продолжува да ги исполнува условите за отворање на пристапните преговори, и дека властите јавно ја демонстрираат својата цврста посветеност за напредок на земјата на нејзиниот пат кон ЕУ.

Комисијата ги повика земјите членки без одлагање да ја усвојат Преговарачката рамка и да се одржи првата Меѓувладина конференција, и укажа дека одложувањето на официјалното започнување на пристапните преговори има негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ.

Согласно извештајот на Европската комисија, Владата го задолжи Секретаријатот за европски прашања, во соработка со ресорните министерства да ја ажурира Агенда Европа дома согласно краткорочните приоритети од Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година најдоцна до 22 ноември 2021 година.

Next Post

Вистиномер: Не наседнувајте на антиваксерски повици да не се вакцинирате

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk