Ноќеска е подметнат пожар во автомобил БМВ7 во центарот на Скопје. Возилото е целосно изгорено. Било запалено на паркингот кај трговскиот центар Зебра, соопшти МВР.
Полицијата изврши увид за да утврди на кој начин е предизвикан пожарот. Нема информации за можни осомничени.
Автомобилот е регистриран на приватна фирма, а возилото го користел бизнисмен кој се занимава со градежништво.
Пожарот во МВР е пријавен во 2 часот по полноќ.