ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Унгарски „24.hu“: Оставката на Заев отвора можност за враќање на Груевски

November 3, 2021 14:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во анализата што ја објави унгарскиот портал 24.ху, за актуелната политичка ситуација во Македонија, се вели дека во земјава би можел да се случи политичкиот пресврт „по победата на десничарската популистичка опозиција, која со години е поддржана од медиумски компании блиски до Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан“, пренесува „360 степени“.

„24.ху“ наведува дека победата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, исто така, може да ја подобри ситуацијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

– Така, кај Груевски, кој моментално има специјален третман на „ВИП-бегалец“ во Будимпешта, а неодамна основа и компанија во Пецел, може дури и да блесне надежта за враќање“, пишува 24.ху и вели дека сега Христијан Мицкоски, по победата на локалните избори, бара итни предвремени парламентарни избори.

Новинарот на унгарскиот медиум потсетува дека оставката на Зоран Заев како премиер и лидер на СДСМ следува по претходно даденото ветување дека доколку загуби на изборите за градоначалник во главниот град ќе поднесе оставка. На крајот, додава порталот, партијата на Заев, која ја води земјата во сојуз со помалите либерални и албански етнички партии, не само што не ја  доби градоначалничката функција во Скопје, туку нејзините кандидати изгубија во четвртина од другите градови.

„И покрај неговата оставка, едно нешто Заев сигурно не сака: парламентарни избори. Причината е едноставна. На партијата на Груевски сега ѝ оди многу добро и веројатно ќе се обиде да ја забави (веројатно не би се осмелила да ја попречи) евроатлантската интеграција на земјата, за која Заев  се бори од доаѓањето на власт во 2017 година“, пишува 24.ху.

На крајот од текстот порталот во својата анализа вели дека бегалскиот статус на Груевски во скоро време би требало да биде продолжен од унгарските имиграциски власти. Доколку ова не му успее на Груевски, пишува 24.ху, се сугерираше дека поранешниот македонски премиер може да замине во Москва или Турција.

„Сепак, Груевски засега тешко дека размислува да се пресели од Будимпешта, поверојатно е дека размислува за негово враќање во татковината. Дали ќе успее, знаат само македонските политичари. Токму сега во малите партии се очите на светот: ќе ги изберат социјалдемократите на Заев или Груевски? – ова е главното прашање сега во Северна Македонија“, се вели во текстот на 24.ху.

 

Next Post

„Независни за Карпош“: Јакимовски јавно да се извини за недоличната атмосфера и текстот од песната кои ја згрозија јавноста

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk