ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

АФП: Оставката на Заев носи нова неизвесност на балканската политичка сцена

Во текстот се потсетува дека Заев беше избран за премиер во 2017 година, по „10-годишното владеење на десницата предводена од Никола Груевски, чија Влада беше потресена од огромниот скандал со прислушување, што го разоткри самиот Заев“.

November 4, 2021 11:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозицијата во Северна Македонија побара распишување на предвремени парламентарни избори, откако премиерот Зоран Заев соопшти дека ќе поднесе оставка по лошите резултатите на неговата партија на локалните избори, наведува АФП во коментар за последните случувања во земјава, оценувајќи дека „изненадувачката најава на Заев внесе нова неизвесност на балканската политичка сцена, каде автократите се познати по зацврстување на позициите на власта и каде доброволните оставки се реткост“.

Во коментарот, чии делови пренесува БГНЕС, се посочува дека во услови кога премиерот Заев се уште не го објави датум на неговото заминување, кога не е познат неговиот наследник и е создадена зголемена конфузија, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ предлага брзи парламентарни избори, тврдејќи дека само преку нив ќе се обезбеди стабилно движење напред.

Во текстот се потсетува дека Заев беше избран за премиер во 2017 година, по „10-годишното владеење на десницата предводена од Никола Груевски, чија Влада беше потресена од огромниот скандал со прислушување, што го разоткри самиот Заев“.

– Изненадувачката најава за оставката и лошите резултати на неговата партија СДСМ на изборите минатиот викенд, дојдоа по неколкумесечен пад на популарноста на премиерот, додека тој се бореше да ја одржи во нормален тек економијата на земјата погодена од пандемијата на Ковид-19 и во услови кога преговорите за евентуално зачленување (на земјата) во ЕУ се во застој, оценува Франс прес.

Агенцијата посочува дека по најавата на Заев дека планира да поднесе оставка, неговите политички сојузници побараа тој да ја промени одлуката, оценувајќи ја како избрзана и потсетувајќи дека владејачката коалиција на СДСМ „со најголемата партија што го претставува етничкото албанско малцинство и натаму има кревко мнозинство во Парламентот“. /МИА/.

Next Post

Заев одлучен: Кажав тоа што имам, немам повеќе коментари

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk