Андреј Жерновски од СДСМ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека крајно време е на Брисел да му стане јасно дека доколку не се исполнуваат ветувањата, ќе се случи тоа што се случило на изборите.
„Тој процес на проширување мора да оди заедно со желба и исполнување на обврските од страна на Европската унија и Брисел, и исполнување на обврските од Скопје. Во тој механизам доколку еден доцни или не го почитува преземеното и не го реализира договореното, тогаш се случува ова што се случува“, додаде Жерновски.