ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Во Стразбур нема пресуди против нас за дискриминација на Бугари, потребно е разумно лидерство од двете страни

November 5, 2021 12:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска го повтори ставот дека бугарското вето за нашиот почеток на преговори со Европската Унија, всушност не е само блокада кон нас, туку и кон ЕУ.

– Таа блокада сакале или не, е и блокада на македонско-бугарското пријателство, тоа ќе доведе до речиси неповратно оддалечување, изјави денеска Димитров во гостувањето на „Утрински брифинг“ во врска со очекувањата дека ќе има промена на ставот на Софија до декември, но и можноста Албанија да истапи сама на патот кон ЕУ.

Вицепремиерот за европски прашања смета оти тешко дека до декември ќе се направи нешто. Тој вели дека позитивна интерпретација е дека Бугарија постепено би се повлекла од некои барања, а негативната е кога не обвинуваат за дискриминација, а тоа, како што посочува, не е така.

– Немаме поплаки, нема пресуди во Стразбур против Македонија за дискриминација на Бугари. Тие не можат да нѐ разберат за историјата, вели Димитров.

Тој додава дека Бугарите сметаат оти треба да влезат во македонскиот Устав. – Тоа е долг процес. Обратно не е можно, оти Бугарите велат дека нивниот Устав не е таков, истакнува Димитров.

Вицепремиерот за европски прашања нагласува дека последниве години биле отворени пет прашања, а потоа следело уште едно пописот.

– Мора да се седне да се разговара. Лидерство е потребно од двете страни и да најдеме разумни решенија. Ова стана европски проблем затоа што Софија го одведе до Брисел. Да почекаме да видиме, кој ќе биде соговорникот со новата бугарска влада. Мора да бидеме поодговорни кон себе и да немаме преголеми очекувања секој декември и секој јуни, вели Димитров.

Во врска со повлекувањето на Заев и пораките дека уриваат прогресивни сили, Димитров смета дека за жал за овој исход удел има и Европа, односно Бугарија.

– За жал, за овој исход удел има и Европа, а под тоа мислам на Бугарија. Потребно е и ние да сработиме уште повеќе, да продолжат проевропските и проатлантските политика. Но, таму не до крај разбираат зошто ставивме равенство меѓу локални извори и влада. Постои загриженост дали тука ќе се задржи компасот, вели Димитров и додава дека во политиката се потребни повеќе идеали и принципи и оти пораките на народот мора да бидат слушнати.

Димитров, кој наместо Заев, присустуваше на самитит „Отворен Балкан“ во Белград изјави дека главната порака од таму е оваа иницијатива да не биде сведена на тројца.

Тој нагласува дека европската интеграција е патот на трите земји, но оти додека тие чекаат некакво придвижување во застојот на евроинтеграцијата, работат на сопствениот развој.

– Таму има малку поинаков поглед кон тоа европската интеграција да се врати, да профункционира. Ние не можеме да чекаме сето ова, како што е недовербата на ЕУ и застојот на процесот на интегрирање, да помине. Расположението таму е „дајте да видиме што можеме ние да направиме да си ги подобриме позициите“, регионот да пркне малку. Имавме заедничка изјава во која се вели дека Северна Македонија е пример за неисполнети ветувања од ЕУ и мислам дека ова е начин регионот да се солидаризира со нас, вели Димитров во гостувањето во Утрински брифинг.

извор: МИА

Next Post

„Пипл“: Крис Еванс е најубавиот маж за 2021 година

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk