Изложбата Современи (не)демократии – Исчезнување на јавниот човек која е базирана на истражување од Јана Брсакоска, Ивана Васева, Филип Јовановски, Кристијан Караџовски и Наум Трајановски, ќе се отвори на 6 ноември 2021 година (сабота), од 12 часот, пред салата за седници на Oпштина Центар.
По изложбата, на истата локација ќе се одржи и јавната дебата АКТО Агора, со почеток 13 часот, на која гостуваат Бекир Адеми (архитект); Дивна Пенчиќ (професорка на Архитектонски факултет); Кочо Андоновски (активист, програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка), Филип Стојановски (активист). Модератор: Соња Исмаил (магистерка по политичка филозофија)
Овие настани се дел од 16. АКТО Фестивал за современи уметности „Современи (не)демократии“, продуциран од организацијата „Факултет за работи што не се учат – ФР~У“.
АКТО 16 е поддржан од Фондацијата „Хајнрих Бол Штифтунг“, Гете – Институт Скопје, Министерство за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје.