ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Јовески: На сите им стана јасно дека одлуките не се носат во нечии кабинети

Преку систем за утврдување на резултатите на обвинителите, ќе се оценува работата на секој јавен обвинител.

December 27, 2019 15:00
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Неопходно е, не заради Брисел, носење нов квалитетен и издржан закон за јавното обвинителство, а не решенија што ќе бидат резултат на дневно – политички договори. Подобро да не се донесе закон, отколку да се изгласа закон со вакви решенија, истакна државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во денешното годишно обраќање пред јавните обвинители и новинарите, пишува МИА.

Посочи дека Јавното обвинителство изминатава година беше исправено пред бројни предизвици и покажа неселективност во спроведувањето на законите, а на политичарите и моќниците, како што додаде, им стана јасно дека одлуките не се носат во нечии кабинети, туку нив ги носат обвинителите самостојно.

-Вие колеги ја имате мојата целосна поддршка да не потклекнувате под ничии притисоци, да работите во рамките на вашата надлежност без мешање од страна. Само на овој начин Јавното обвинителство ќе ја постигне својата цел за ефикасност на кривичната правда и ќе ја зголеми довербата кај граѓаните,  рече Јовески.
Најави дека поединечно, преку систем за утврдување на резултатите на обвинителите, ќе се оценува работата на секој јавен обвинител.

-На овој начин ќе се евидентира работата и ќе се детектираат слабостите во работењето на секој јавен обвинител, со единствена цел зголемување на ефикасноста во постапувањето- рече Јовески.

Еден од големите предизвици, како што рече Јовески, беше опасноста предметите од СЈО да пропаднат и затоа донесовме одлука за преземање на овие предмети.

-Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од  СЈО презеде  три  предмети по кои е донесена правосилна пресуда, два предмета за кои е донесена првостепена пресуда, 20 предмети кои се во фаза на судење, 19 предмети по кои се спроведува истрага, шест  предмети кои се во предистражна постапка, 80 други предмети кои се однесуваат на предистражна постапка и дел по барања за воспоставување надлежност, 38 предмети по кои се спроведува финансиска истрага и три предмети по вонредни правни лекови- рече Јовески.

Додаде дека предметите според нивната итност се прераспределени во надлежните јавни обвинителства и се дадени овластувања јавните обвинители да продолжат со преземањето на дејствијата.

Next Post

(ВИДЕО) Лука Дончиќ манијата и со музичко видео „Моето име е Лука“

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk