ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Се зголемува капацитетот за производство на електрична енергија за да нема поскапување

November 5, 2021 15:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека се интензивираат постапките за зголемување на државните капацитети за производство на електрична енергија. Од тетовското село Прељубиште тој информираше дека денеска надлежната Комисија ја донесе формалната одлука која ќе биде предложена до Владата за прогласување енергетска кризна состојба.

-РЕК Битола работи со два блока и има залихи за да може да работи и наредните денови. Веќе завршена е постапката за  ставање во функција на „Осломеј“ со што ќе се зголеми капацитетот на производство на ЕСМ во нашата држава. Денеска имавме прилика да разговараме и со раководството на ЕСМ и со раководството на МЕПСО, веќе од наредната недела ќе добијат задолжение од страна на Владата и комисијата која прогласува кризна состојба за да направат што поголеми напори да се стави во функција и ТЕЦ „Неготино“ со тоа да ги задоволиме потребите, првично на домаќинствата и на малите потрошувачи, а секако откако ќе интервенираме и ќе вбризгаме средства во зголемување на ликвидноста на ЕСМ и на МЕПСО тие ќе станат поликвидни и ќе користиме други механизми преку Министерството за финансии за да можат тие да произведуваат и вишоци на електрична енергија во нашата држава, изјави Бектеши.

Тој потенцира дека РЕК Битола моментно има 40 илјади тони залиха. Дневно се произведуваат три до пет илјади тони, но веќе почнале уште повеќе да ископуваат јаглен, а во континуитет се носи јагленот од Косово за потребите на „Осломеј“.

– Во вакви кризи наша цел е да ја намалиме производната цена на ЕСМ затоа што загарантирана цена имаат домаќинствата и малите потрошувачи согласно Законот за енергетика која изнесува 36,1 евра по мегават. Колку што ќе можеме повеќе да ја намалиме цената по мегават на ЕСМ секако дека нема да влијае врз зголемување на цената. И тоа сега го правиме за од 1 јануари да нема зголемување на цената на електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи, изјави министерот.

Комисијата за прогласување енергетска криза утринава го имала првиот состанок на кој е формализирана одлуката која ќе и се предаде на Владата за разгледување.

-Веќе е донесена одлуката сабајлето, веќе кажав од страна на комисијата што и предлага на Владата за да донесе одлука за енергетска криза во нашата држава во вторник и до крајот на наредната недела да вбризнеме средства за зголемување на ликвидноста на ЕСМ и на МЕПСО. Членови на комисијата се од МЕПСО, од ЕСМ, од Министерство за економија, од електродистрибутерот, од РКЕ, од ТЕ-ТО и други членови како што се советници, експерти за енергетика и од Владата и од Министерството за економија, рече Бектеши.

Во однос на тоа колку пари ќе се дадат на државните компании, министерот истакна дека буџетот е ликвиден и во зависност од нивното работење во наредните два месеца ќе се направат проценките.

извор: МИА

Next Post
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Бесими: Ќе се инвестира во проекти кои ќе дадат поголем ефект кај граѓаните

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk