ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
    Анаис. Мотив. Скопје

    Дневен хороскоп со Анаис за 27 мај 2026: Интензивна интуиција и суштински решенија

    Започнува проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“

    Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    Од 15 јуни М-ТАГ лентите на патарините исклучиво за возила со електронски тагови

    Герасимовски: Најстроги санкции и пријава до Обвинителството по свлечиштето на „Теодосиј Гологанов“

    Билјана Драгиќевиќ Пројковска најдобра актерка, а „Кокошка“ најдобра претстава на PITF во Приштина

    Лукаревска: Новата фискална стратегија не нуди системски реформи, туку должничко ропство

    Трајчулески: Државата е во финансиска агонија, буџетот се распаѓа, Владата турка ново задолжување со кршење на процедурите

    Николоски и Бутковиќ во Охрид: Решен проблемот со визите за македонските превозници во Хрватска

    Битиќи: Новата Фискална стратегија ги легитимира задолжувањата – за пет години само каматите се 2,74 милијарди евра

    Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

    Почнува продажбата на билети за јубилејниот МТФ „Војдан Чернодрински“: „Театар Комедија“ го откажа учеството

    Раул и Марија. Фото: ОФФест

    Медитеранска авангарда на ОФФест 2026: Иновативниот Раул Рефри и волшебниот глас на Марија Мазота доаѓаат во Скопје

    Анаис. Мотив, Битола, чаршија

    Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    Папата Лав XIV (Official State Department photo by Freddie Everett)

    Папата Лав XIV, енциклика со фокус на вештачката интелигенција: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

    Свлечиште во Центар во Скопје затрупа багер на градилиште

    (ВИДЕО) Емотивна музичка посвета за Прилеп: Промовирана „Серенада за Прилеп“ од Блага, Дац и Александар

    Нилс Окланд. Фото: ОФФест

    Скандинавска мистика на ОФФест: Норвешките виртуози Нилс Окланд и Сигбјорн Апеланд доаѓаат во Скопје

    Генерирано со ВИ

    Што содржи предложениот договор кој би можел да го прекине конфликтот меѓу САД и Иран?

    Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Трамвај излета од шините во центарот на Белград и удри во зграда: Повредени се 14 лица, меѓу нив и две деца

  • ПОЛИТИКА

    СДСМ: Обвинителот Савески доби нови задачи од Мицкоски, овој пат на празник

    Мицкоски на свечената академија за Св. Кирил и Методиј: Образованието е штит на државата, трпението за правдата е при крај

    Фото: Кабинет на Претседател

    Претседателката Сиљановска Давкова : Кирил и Методиј се темелот на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ

    Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    Фото: Град Скопје

    Министерството за транспорт со демант до СДСМ: Тендерот за автобуси не е местен, бараме јавно извинување или следи тужба

    Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

    СДСМ обвинува: Тендерот за автобуси пропадна бидејќи бил местен за 12 милиони евра поскапа понуда

    Филипче: Буџетот е пред колапс, нема пари за поголеми плати, пензии, нема за мерки

    Поништена e јавната набавка на 150 електрични автобуси и 75 електрични полначи

    СДСМ до Орце Ѓорѓиевски: Денот на Европа го одбележува со 15 дена задоцнување, страв ни е елката да не ја кити за Велигден

    Мицкоски: Македонија обезбеди најмногу средства во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст

    Филипче: СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавена кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши

    Мицкоски на јубилејот на „Костал“ во Охрид: Компанијата е приказна за успех и двигател на македонската економија

    ЕУ додели нови 65,7 милиони евра за реформи во Македонија, Филипче обвинува за изгубени 200 милиони

    (ВИДЕО) Филипче со јавен повик до Мицкоски: Да ги донесеме уставните измени заедно, СДСМ ќе ја сподели одговорноста

  • ФРОНТ
    • All
    • ESPRESSO
    • FRONTACTION
    • ВО ЕДНО
    • ТРИЧКОВСКИ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Постои еден човек кој може да го смени светот – учител се вика

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    Седумнаесетти мај 2015 година не се случи сам од себе, не падна од небо

    Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Звукот на привикнувањето

    Македонија е избришана од агендата на ЕУ

    Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Илустрација Фронтлајн

    Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    Мицкоски и Орбан (Фото архива: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

    Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

    Охридскиот рамковен договор не е компромис – туку темел

    Наследена болка: Кога децата маршираат за истите права како нивните родители

    Насмевки, ракувања и војна

    Не со децении, Мицкоски може да чека и цел век

    Удобната неутралност и отсуството на смисла за хумор

    БРТ Скопје: Проект на Шилегов и СДСМ што беше блокиран, па „реанимиран“ од ВМРО-ДПМНЕ

  • ОПШТЕСТВО

    Фото: МИА

    24 Мај – Денот кога словото стана идентитет

    Денеска се одбележува 23 Мај – Националниот ден на Власите

    Фото: Собрание на Република Северна Македонија

    Граѓанските организации апелираат: Пратениците да не го поддржат бришењето на невладиниот сектор од Законот за игри на среќа

    Конференција во Скопје: Жените извршуваат над 76% од неплатената работа за грижа, потребна е системска трансформација

    Љутков: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка

    Средба Пешевска – Али: Здравствениот систем клучен во препознавањето на насилството врз жените

    Фото: Ангел Ангеловски

    Мрежа за заштита од дискриминација: Собранието да не легитимира здруженија што шират теории на заговор и морална паника

    НВО сектор: Македонија станува сè поопасно место за жените, системот потфрла по новиот фемицид во Битола

    Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

    Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

    Скопје со активности во знакот на Европа

    Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

    Распишан конкурсот за државната награда „11 Октомври“ за 2026 година

    „Кафе со амбасадори“ во Битола: Дијалог за човековите права, културата и европскиот идентитет

    Граѓанскиот сектор вклучен „само колку да се кажe“ во работната група за Изборниот законик

    Црн биланс на работните места: 31 жртва во несреќи при работа во текот на 2025 година

    Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

    20 години без одлука: 100% воен инвалид без дом, државата знае – не решава

    „Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

  • СВЕТ

    Кијив 24 мај 2026 година. Фото: (Државна служба за вонредни состојби на Украина/Телеграм)

    Во масивен руски напад со ракети и дронови на Кијив загинаа две лица, повредени се над 80

    САД објавија нова серија тајни документи за НЛО: Пријавени зелени сфери и огнени топки

    Генерирано со ВИ

    ЕУ и САД постигнаа привремен трговски договор до 2029 година

    (ВИДЕО) Маѓар ѝ го прикажа на јавноста владиниот луксуз на Орбан: Декаденција во стилот на Чаушеску

    Убиство во џамија во Сан Диего. Фото Скриншот, Видео Би-Би-Си

    (ВИДЕО) Смртоносен напад во џамија во Сан Диего: Тројца убиени, напаѓачите тинејџери пронајдени мртви

    (ВИДЕО) Инциденти и тензии во Пекинг: Повредена службеничка и спор со Тајната служба за време на посетата на Трамп

    ФАО: Итни инвестиции и солидарност се неопходни за спас на агро-прехранбените системи од климатските и геополитичките кризи

    Фото: илустрација Фронтлајн

    Трамп во посета на Кина: Пет клучни прашања на маса со Си Џинпинг

  • ЕКОНОМИЈА
    • All
    • БИЗНИС

    НИКОЛОСКИ: Следната година се пушта една лента од Прилеп-Битола, „Левица“ штити сопственици на вили кои може да ја чинат државата 100 милиони евра

    „Лидл“ најавува нови вработувања и ги открива досегашните инвестиции: Извозот на македонски производи лани достигнал 15,5 милиони евра преку нивната мрежа

    ВЛЕН: Обезбедени 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и индустријата

    Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до првиот квартал на 2027, инвестирани се повеќе од една милијарда евра

    Битиќи: За две години јавниот долг е зголемен за 2,5 милијарди евра

    АСОМ бара итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

    Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

    Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза

    Фото: Министерство за транспорт

    Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА

    Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото

    Заврши Фестивалот „Пеце Атанасовски“: Гран при за „Седенка од Скопје, а најдобар гајдаџија е Дејан Лазаров од Кочанско

    Западноафриканска магија на ОФФест: Виртуозното трио „Guitari Baro“ доаѓа во Скопје

    Скршеното огледало на апсурдот, носорозите меѓу нас

  • СПОРТ

    Крај на една златна ера на „Енфилд“: Мохамед Салах и Енди Робертсон се збогуваа од навивачите на Ливерпул

    (ВИДЕО) Усик едвај избегна сензационален пораз од поранешниот кикбоксер Рико Верхувен

    ​„27+1“ Португалија не го заборави Диого Жота: Трагично загинатиот фудбалер е симболичниот патник на Мундијалот

    Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Пеп Гвардиола откри зошто го напушта Манчестер Сити по 10 години: „Задоволен, среќен и горд“

    (ВИДЕО) Шок во Англија: Тухел го објави списокот за Светското првенство, нема неколку фудбалски ѕвезди

    Канада го пречекува светот: ФИФА Светско првенство 2026

    Илустрација Фронтлајн

    Земјотрес во европскиот фудбал: Мурињо се враќа во Реал Мадрид, Гвардиола го напушта Манчестер Сити?

    Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

Home ПОЛИТИКА

Греењето со дрва најзастапено, интензивно се грее три месеци

November 6, 2021 09:29
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Неблагодарно е годинава да се укажува кој вид греење ќе биде најисплатлив за граѓаните во текот на зимскиот период, велат познавачите. Според нив, причина за тоа е енергетската криза во Европа, а со тоа и во земјава и континуираното поскапување на цената на енергенсите на светските пазари, особено на електричната енергија, нафтените деривати и природниот гас.

Кај нас, како што нагласуваат, голем дел од граѓаните се греат на електрична енергија чија цена Владата ја гарантира до крајот на годинава.

Владата во јули годинава го намали ДДВ-то за струјата од 18 на 5 отсто за да спречи ценовен шок и најавува вклучување на дополнителни капацитети за производство на базна енергија за што објави и тендер за набавка на јаглен од странство.

Рестрикции на струја нема да има, а до крајот на годината нема да се зголеми ниту цената на електичната енергија за домаќинствата, но сепак ќе биде прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор за да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании.

Кризна состојба, како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, ќе биде прогласена на првата владина седница која најверојатно ќе се одржи во вторник, а колку средства од буџетот ќе бидат трансферирани кај енергетските компании ќе се знае откако ќе бидат направени конечните анализи.

Бектеши вчера изјави дека се интензивираат постапките за зголемување на државните капацитети за производство на електрична енергија, а надлежната Комисија ја донела формалната одлука која ќе биде предложена до Владата за прогласување енергетска кризна состојба.

Истакна дека РЕК Битола работи со два блока и има залихи за да може да работи и наредните денови, а веќе е завршена постапката за  ставање во функција на „Осломеј“ со што ќе се зголеми капацитетот на производство на ЕСМ во нашата држава.

-Денеска имавме прилика да разговараме и со раководството на ЕСМ и со раководството на МЕПСО, веќе од наредната недела ќе добијат задолжение од страна на Владата и комисијата која прогласува кризна состојба за да направат што поголеми напори да се стави во функција и ТЕЦ „Неготино“ со тоа да ги задоволиме потребите, првично на домаќинствата и на малите потрошувачи, а секако откако ќе интервенираме и ќе вбризгаме средства во зголемување на ликвидноста на ЕСМ и на МЕПСО тие ќе станат поликвидни и ќе користиме други механизми преку Министерството за финансии за да можат тие да произведуваат и вишоци на електрична енергија во нашата држава, изјави Бектеши.

Тој потенцира дека РЕК Битола моментно има 40 илјади тони залиха. Дневно се произведуваат три до пет илјади тони, но веќе почнале уште повеќе да ископуваат јаглен, а во континуитет се носи јагленот од Косово за потребите на „Осломеј“.

– Во вакви кризи наша цел е да ја намалиме производната цена на ЕСМ затоа што загарантирана цена имаат домаќинствата и малите потрошувачи согласно Законот за енергетика која изнесува 36,1 евра по мегават. Колку што ќе можеме повеќе да ја намалиме цената по мегават на ЕСМ секако дека нема да влијае врз зголемување на цената. И тоа сега го правиме за од 1 јануари да нема зголемување на цената на електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи, изјави министерот за економија.

Надлежните уверуваат дека се преземаат мерки и се ставени на располагање сите механизми со цел да се обезбедат доволни количини на електрична енергија. Се очекува успешно да зварши и тендерот за набавка на јаглен за вклучување на третиот блок на РЕК Битола.

По неуспешниот прв, на вториот тендер за набавка на јаглен за потребите на третиот блок на РЕК Битола се пријавија девет компании меѓу кои има домашни кои нудат јаглен од два домашни рудника, како и фирми од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Турција. Одлуката за избор на понудувач за јаглен за РЕК Битола се очекува да биде донесена до крајот на следната недела.

АД ЕСМ појасни дека редовното производството на електрична енергија за снабдување на домаќинствата се врши со сопствен ископ на јаглен од рудниците на РЕК Битола и со производство од другите производни капацитети: РЕК Осломеј, гасната електрана Енергетика, хидроелектраните Црн Дрим, Маврово, Треска и Тиквеш и од ветерниот парк Богданци, а јагленот од 900 илјади тони кој е предмет на оваа набавка е наменет исклучиво за дополнително производство, за потребите на фирмите и државните институции со цел за нив да се обезбеди електрична енергија по цена пониска од моменталните цени на берзите, од каде овие субјекти се снабдуваат.

Во земјава, како што посочува Бектеши се произведуваат 300 мегавати електрична енергија, а потрошувачката е околу 500 мегавати.

Проблем е цената на природниот гас и на нафтените деривати која во изминатиов период расте на берзите заради фактот што парното греење за скопјани работи во најголем дел токму на природен гас, кој е тешко да се набави доколку претходно не бил букиран од трговците со гас.

Во земјава интензивно се грее три месеци

Според проф. д-р Константин Димитров од МАЦЕФ, грејната сезона најчесто трае шест месеци, од кои во три е неопходно поинтензивно греење, додека во останатите најчесто се сведува на делумно загревање на просториите.

Тој за МИА посочува дека најевтино достапно греење е со огревно дрво, а доколку доволно би се развил гасоводниот систем во земјава и со тоа би се зголемила потрошувачката на природен гас, првенство би имало греењето на гас. Во моментов, како што вели, гасот е достапен само за домаќинствата во Куманово и Струмица, а во останатите делови од земјава се уште нема соодветна гасоводна мрежа.

Според публикацијата „Потрошувачка на енергенти во домаќинствата“  62 отсто од вкупниот број домаќинства користат дрва како примарен извор на енергија, 29 отсто се греат на електрична енергија, а само осум отсто се приклучени на централно парно греење.

За греење со огревно дрво од 19 до 25 илјади денари годишно

Просечно македонско домаќинство годишно користи од три до 10 кубни метри огревно дрво за загревање или најчесто околу шест кубни метри, смета професорот Димитров. Доколку се подели вкупната произведена и продадена дрвна маса на годишно ниво со бројот на кубните метри неопходни за греење се добива дека повеќе од 130.000 домаќинства се греат на огревно дрво.

Максималната малопродажна цена на  огревното дрво испорачано до купувач во ЈП „Национални шуми“ е 3.000 денари по кубен метар за даб и 2.900 денари за бука со вклучен ДДВ, но дополнително огревното дрво треба предвреме да се нарача, најчесто на крајот на изминатата грејна сезона за да биде испорачано во тековната  грејна сезона. Просечната, пак, малопродажна цена за кубен метар буково огревно дрво во приватните складишта се движи од 3.300 до 3.800 денари, а кај дабовото дрво е поскапа за 200 до 300 денари по кубен метар. На тоа треба да се додадат пари за транспорт, сечење и за цепење и складирање на дрвата. Тоа покажува дека за греење со огревно дрво просечно македонско домаќинство одвојува од 19 до 25 илјади денари годишно.

Во домаќинствата најчесто се грее една соба. Доколку, пак, се загреваат повеќе простории или домаќинството има сопствено парно греење на дрва, потрошувачката на огревно дрво оди и до 20 и повеќе кубни метри на годишно ниво, за што се неопходни и повеќе од 80.000 денари годишно.

Дополнителен проблем е што во моментов не може да се најде огревно дрво на ниту едно од приватните складишта.

Тешко да се оцени колку домаќинства се греат на струја

Особено тешко е да се процени колку домаќинства во земјава се греат на електрична енергија, бидејќи никој нема обврска да најави со што ќе се грее.

Пресметките покажуваат дека за греење на електрична енергија просечно македонско домаќинство треба да одвои и до 30.000 денари во нормално студена година, а доколку температурите се пониски сумата значително се зголемува.

Ако се има предвид дека цената на електричната енергија за еднотарифните мерила изнесува 5,36 денари за потрошен киловат час и ако се знае дека за загревање на една просторија од дваесетина квадратни метри просечно се трошат по околу 2 киловат часови електрична енергија на час, лесно може да се дојде до податокот дека дневно за греење ќе се потрошат по околу 25 киловат часови или околу 134 денари. Кога на нив ќе се додадат и 5 отсто за ДДВ се добива дека дневно ќе се трошат по 140 денари за загревање или 4.200 денари месечно, односно околу 25.200 денари годишно.

Цената, како што истакнува професорот Димитров, би била речиси двојно помала доколку се грее со инвертер (клима уред што работи на пониски температури и троши помалку електрична енергија од вообичаените клими), но ваквиот вид на греење не може да работи при екстремно ниски температури под – 15 степени Целзиусови. За набавка на ваквите уреди државата и општините во неколку наврати досега нудеа субвенции до 60.000 денари за замена на нееколошкото греење со инвертер уреди. И за годинава се најавува слично субвенционирање за граѓаните кои ќе ги депонираат во отпадни складишта печките на дрва и ќе набават инвертер клима уред.

Доколку домаќинството има двотарифно броило цената на електричната енергија се движи од 6,69 денари за скапата до 3,36 денари за евтината тарифа. Ако, пак, се знае дека евтина тарифа има во периодот од 22 до 7 часот, кога најчесто не се грее, и секој ден од 14 до 16 часот, а во недела цел ден, лесно може да се оцени дека за затоплување со двотарифно броило треба да се одвојат повеќе средства. Доколку, пак, се загрева целиот станбен простор сметката за струја месечно може да изнесува и повеќе од 10.000 денари.

Топлински пумпи греење на иднината

Електричната енергија, порачува професорот Димитров, ја нуди и можноста за вградување на така наречените „топлински пумпи“, а кај народот познати како клима системи. Тоа е вентилаторски конвектор или топлинска пумпа што со користење на техничките достигнувања и законите што важат во природата – топлината од надвор со мала потрошувачка на енергија ја покачува на повиско ниво во внатрешноста.

-Стандардните поевтини производи од овој тип трошат еден киловат час електрична енергија, а внатре во просторијата има загревање од минимум два, а нормално е да имаш три, а во некои случаи четири до пет, па и шест киловати. Тоа пластично значи да плаќате еден киловат час електрична енергија, а добивате два или повеќе киловати. Со обичните греалки, пак, плаќате колку што трошите. Можеби е финансиско оптоварување да се вгради ваков систем, но на подолг рок инвестицијата се враќа, посочи Димитров.

Централно парно греење само во Скопје

Во моментов централно греење има само во Скопје иако мрежа има и во Битола, но поради нерентабилноста веќе неколку години воопшто не се користи.

Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на  Балкан енерџи груп (БЕГ), главниот снабдувач со топлинска енергија во Скопје изнесува 1,071 денари за потрошена киловат час топлинска енергија, а во Скопје Север 0,917 денар по киловат час. АД ЕСМ – Подружница енергетика, пак, наплаќа паушална цена која изнесува 33,22 денари по квадратен метар доколку се плаќа на 12 рати или 66,44 денари ако се плаќа на шест рати.

Пресметката, според калкулаторот на РКЕ, покажува дека просечната сметка за греење на стан од 60 квадратни метри изнесува околу 2.100 денари месечно доколку сметката се плаќа на 12 еднакви рати или 4.200 денари ако се плаќа на шест рати. Произлегува дека годишно за греење на стан од 60 квадратни метри се неопходни околу 25.200 денари. Предноста на овој вид затоплување во однос на другите е што се грее цела станбена површина.

Податоците на БЕГ покажуваат дека 36 отсто од потрошувачите во главниот град или преку 55.000 се греат на централно греење. Од останатите 64 отсто нешто помалку од половината се греат на дрва и фосилни горива, а другите на електрична енергија.

Во Кочанско има и можност за загревање со геотермални води, но тие најчесто се користат за одгледување градинарски култири под стакленици, а има и домаќинства во Куманово и Струмица што се греат на п рироден гас, како и во Битола и Кичево кои се греат на јаглен.

Греење на пелети и брикети

Со субвенциите што ги даваше Град Скопје и повеќе општини во земјава за купување на печки на пелети, одреден процент на граѓани се преориентираа затоплувањето на станбениот простор да го вршат со овој енергенс. Субвенцијата изнесуваше 70 отсто од вредноста на печката на пелети, но не повеќе од 30.000 денари. Мерката не ги опфаќа домаќинствата што имаат приклучок на градското централно греење.

Печката на пелети троши од 10 до 15 килограми пелетни дневно, а цената на пелетите во зависност од квалитетот и тежината во малопродажните објекти се движи од  12 до 16 денари за килограм, односно од 180 до 260 денари за вреќа од 15 килограми. Во стовариштата и на интернет тон пелети моеже да се најде и за цена од 12.930 до 14.600 денари.

Од тоа произлегува дека месечните трошоци изнесуваат над 5.400 денари или околу 30.000 денари на годишно ниво за загревање на површина од 60 квадратни метри.

Цената на брикетите, пак, се движи од 18 до 20 денари за килограм брикет од бука, а на интеренет може да се најде и тон брикети за 14.800 денари. Брикетот може да се користи како замена на огревно дрво во обичните печки на дрва и има поголема калориска моќ, односно повеќе затоплува и со тоа помалку се троши.

Повторно проблем има при набавката  на пелети и брикети кои тешко може да се најдат во малопродажба.

Next Post

Американскиот Конгрес го одобри инфраструктурниот пакет на Бајден, вреден 1,2 трилиона долари

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 27 мај 2026: Интензивна интуиција и суштински решенија

May 27, 2026

Започнува проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“

May 26, 2026
Илустрација Фронтлајн

Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

May 26, 2026

Од 15 јуни М-ТАГ лентите на патарините исклучиво за возила со електронски тагови

May 26, 2026

Герасимовски: Најстроги санкции и пријава до Обвинителството по свлечиштето на „Теодосиј Гологанов“

May 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земјотрес во европскиот фудбал: Мурињо се враќа во Реал Мадрид, Гвардиола го напушта Манчестер Сити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk