ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Протести на климатски активисти низ светот

November 6, 2021 16:27
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикати, политичари, студенти и загрижени граѓани им се придружија денеска на климатските активисти во Глазгов, кои протестираат за време на конференцијата за климатски промени КОП26, а собири се одржуваат и во Лондон, Даблин и други градови низ светот.

Британските метеоролози за денеска предвидуваа поројни дождови, но и покрај временските услови илјадници демонстранти се собраа во паркот Келвингров, во близина на местото на климатскиот самит на ОН. Тие ќе маршираат кон Глазгов Грин, уште еден парк во најголемиот град во Шкотска.

Се очекува вкупно 50.000 луѓе да повикаат на поамбициозна акција за климатските промени на крајот на првата недела од конференцијата, на која присуствуваа светските лидери во понеделникот и вторникот. Критичарите ги обвинуваат политичарите дека повеќе зборуваат отколку што дејствуваат бидејќи не ги исполнија ветувањата од КОП во Париз во 2015 година, кога првпат ветија дека ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови во нивните земји.

На митингот во Глазгов, лидерите се согласија да се запре уништувањето на шумите, да се намалат емисиите на метан и да се отфрли јагленот како извор на енергија, но активистите нагласија дека тоа треба да биде придружено со акција.

На протестите се присутни невладини организации како Светскиот фонд за природата (WFF) и британското Кралско друштво за заштита на птиците.

Стотици луѓе, исто така, денеска се собраа во Даблин, Белфаст и Лондон и други градови низ светот со цел да повикаат на поамбициозна акција. Мал собир се одржа и на Цветниот плоштад во Загреб.

– Планирани се вкупно 200 настани низ Велика Британија и светот, соопштија организаторите на Коалицијата КОП26.

Австралијците, од друга страна, излегоа на својот прв легален протест по укинувањето на рестриктивните мерки против Ковид-19 за да изразат незадоволство од климатските политики на нивната влада. Австралија е еден од најголемите производители на јаглен, а во своите стратегии не планира да го напушти.

извор: МИА
Next Post

Денес се регистрирани 601 нов лабораториски позитивен случај на SARS CoV-2, oздравени се 304 пациенти

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk