ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Дескоска: Мешовита работна група од повеќе министерства ќе ги разгледува препораките на Венецијанската комисија

Мислам дека нема да има тешка работа, единствено ќе биде проблем да се усогласиме за различно толкување на одредени ставови од различни институции

December 27, 2019 17:55
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за правда сериозно го разгледува мислењето од Венецијанска комисија за Законот за употреба на јазиците. На тоа ќе работи мешовита работна група од повеќе министерства, а постои и можност дадена од самата Венецијанска комисија за доразјаснувања на одредени препораки, рече министерката за правда Рената Дескоска на денешната заедничка прес-конеференција со премиерот Зоран Заев.

– Често пати тоа мислење беше неправедно презентирано во јавноста бидејќи содржи и многу позитивни ставови, кои се однесуваат на Законот за јазици  и секако содржи препораки за подобрување на законската рамка. Дел од она што значи укажување на Венецијанската комисија за одредени прашања во пракса не произведуваат проблем, една од нив е да се намалат висината на казните кои што треба да ги плаќаат институциите, а законот не предвидува граѓаните не плаќаат казни. Тоа беше една лоша пропаганда од страна на недобронамерни луѓе во нашата држава. Комисијата укажува дека таа казна треба да биде намалена. Ние донесовме Закон за прекршоци кој е двотретински и сега целото законодавство се усогласува со законот за прекршоци, не само законот за јазици. Сега Собранието е претрупано со голем број закони кои се во собраниска процедура. Имаше рок во законот дека усогласувањето треба да се случи за шест месеци. Со оглед на големиот обем на работа тоа не се случи и ставивме одредба доколку тоа не се случи за матични закони согласно законот за прекршоци да се применува законот за прекршоци, рече Дескоска на новарско прашање.

Таа додаде дека во овој контекст дадена е препорака од Владата до сите министерства прекршочните органи да дејствуваат согласно законот за прекршоци, што значи ќе се изречуваат поблаги казни, што значи дека во овој дел е веќе извршено усогласување со препораката на Венецијанската комисија.

– Сметаме дека сериозно треба да се разгледа мислењето на Венецијанската комисија. Премиерот најави дека ќе биде формирана мешовита комисија од повеќе институции што е во ред. Така што во таа работна група Министерството за правда го дава својот максимален професионален придонес. Мислам дека нема да има тешка работа, единствено ќе биде проблем да се усогласиме за различно толкување на одредени ставови од различни институции. Но, затоа Венецијанската комисија даде можност дека можеме да контактираме со неа за доразјаснување на одредени препораки доколку има пробелм и тоа е пракса што се случува со сите мислења по закони, појасни Дескоска на прес-конеференцијата на која беа презентирани отпишување на камати за долгови и измените на законот за извршители.

Next Post

Заев го пријавил случајот „Рекет“ на 22 април 2019

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk