Киднапирана тинејџерка од американската држава Северна Каролина била спасена откако возач го препознал знакот со рака што го давала од возилото во кое ја возел киднаперот. Девојката (16) знакот го научила на ТикТок, а тој всушност служи за сигнализирање семејно насилство, јави Си-Ен-Ен.
Знакот се дава така што дланката се исправува и се насочува кон лицето или лицата на коишто сакаме да им сигнализираме, при што палецот е свиткан, а потоа другите прсти се свиткуваат надолу и го покриваат палецот.
Девојката била пријавена за исчезната во вторникот од страна на нејзините родители, а била спасена во четвртокот, откако еден возач на автопат во државата Кентаки го препознал знакот, повикал полиција и им давал инструкции се додека не било запрено возилот во кое биле киднаперот и девојката.
„Не знаеме колку долго таа го давала сигналот дека е во неволја, но на крајот некој го препознал“, вели Џилберт Акиардо, заменик-шериф од областа Лоерл во Кентаки. Против киднаперот се поднесени кривични пријави.
извор: Мeта.мк.