Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд за Алсат-М изјави дека тој се залага за рушење на оваа власт, но не по цена да стави потпис на список на кој е се потпишани и пратениците од Левица.
„Кога ја составувавме листата, Левица не беше дел од неа. Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица“, рече Скендер Реџепи-Зејд.
Не го добивме мандатот да им служиме на антиалбанските каузи“, додаде Зејд.