ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Ванчо Ѓоргиев не ја поднесе формално оставката, но јас донесов одлука да се прекине договорот

November 8, 2021 15:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Бујар Османи донел одлука да се прекине договорот со професорот Ванчо Ѓоргиев, кој беше член на Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања, а кој пред две недели најави оставка од Комисијата, поради, како што напиша, директни мешања на висок функционер од МНР во работата на Комисијата.

Министерот Османи во изјава за „Слободен печат“ вели, дека тогаш најавил истрага во врска со обвинувањата на Ѓоргиев, а откако се покажале како неосновани, одлучил да го смени.

– Професорот не ја поднесе формално оставката, но јас донесов одлука да се прекине договорот, бидејќи тој дозволи меѓу два изборни круга политиката да влезе и сериозно да ја компромитира Комисијата. Посебно што аргумент ни е ставот на другите членови, кои едногласно кажуваат дека никогаш немало притисоци од Владата или од МНР и дека се изненадени од таквиот став. Имајќи го предвид периодот на оставката, јасно е дека е политички компромитиран процесот во неговиот случај и тој договор треба да се прекине и да се најде нов член. Јас очекувам самата комисија да ми предложи нов член, тие ги знаат експертите, знаат од која област им фали, а јас потоа да го предложам до Владата, вели министерот Османи.

Во врска со критиките дека Комисијата не постигнува резултати во својата работа, Османи во изјава за „Слободен печат“ посочува дека политичарите од двете држави може да интервенираат во динамиката на средбите, но не и во содржината на разговорите.

Во врска со втората меѓувладина седница меѓу Северна Македонија и Бугарија, која според Договорот за добрососедство треба да се одржува еднаш годишно, Османи вели дека за жал, Бугарија и покрај сите наши обиди и напори, сè уште не прифатила одржување на втората меѓувладина седница.

-Долгиот предизборен период таму како и техничката влада, се разбира дека придонесоа за тоа, а тоа е добра платформа каде што би се дефинирале некои правила на игра, вели министерот Османи.

Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, на 22. и 23. од минатиот месец го одржа 15. состанок на кој не беа донесени решенија и препораки. Состанокот се одржа во изборен период во двете земји – кај нас меѓу првиот и вторит круг од локалните избори, а во Бугарија во тек на кампања за претседателските и предвремените парламентарни избори, закажани за 14 ноември.

Формирањето на Мешовитата македонско-бугарска комисија е согласно Договорот за пријателство потпишан меѓу двете земји во 2017 година, а нејзината работа е една од точките на патоказот 5+1 како можно решение за спорот со Бугарија и деблокада на нашите пристапни преговори со ЕУ.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Германските социјалдемократи: Заев да размисли за оставката, да остане премиер и партнер на ЕУ

НАЈНОВО

ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Црвениот крст тврди дека враќањето на телата на израелските заложници може да потрае со недели

October 14, 2025
Фото: Генерирано со Ви

Левандовски еден месец надвор од терените поради повреда

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk