Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села најавуваше бркање на Македонците од работа, со цел на нивните места да се вработат Албанци. Тој исто така изјави дека не ги признава македонското знаме и химна и сака нивна промена.
Од друга страна, лидерот на Левица, Димитар Апасиев со неговите настапи и програма на партијата покажува силно анти-албанско чувство. Тој е за укинување на албанскиот како службен јазик, албанските партии ги смета за националистички и бара повлекување на признавањето на Косово како независна држава.
На сите им е јасно дека националистичките политики на Села и Апасиев не може да функционираат заедно, но сепак тие двајцата во слепата желба за власт се подготвени да прегазат се што кажувале и ветувале само за да се докопаат до позиција.
Кога во овој микс ќе се додаде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за кого Села беше човек што македонскиот народ го множи со нула и не го признава македонскиот идентитет, очигледно е дека тројцата немаат никакви свои принципи и единствено што ги интересира е власт и моќ.
Граѓаните сепак знаат да го препознаат ова, бидејќи тие сакаат модерна и европка држава, која гледа напред и сакаат политичари кои работат за интересите на граѓаните, кои веруваат во принципи, а не гледаат само за својот џеб.