ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжува трендот на раст на извозот од ТИРЗ, се очекува до крајот на годинава да надмине три милијарди евра

November 12, 2021 12:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Економските активности во зоните продолжуваат со трендот на раст и во октомври годинава, покажува редовната месечна анализа на Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ). Се очекува ваквиот позитивен тренд да продолжи и до крајот на годинава и да се достигне, но и да се надмине границата од  3 милијарди извоз годишно што би била рекордно ниво до сега, велат од Дирекцијата на ТИРЗ.

-Во првите десет месеци од годинава компаниите активни во зоните достигнале извоз од 2,482 милијарди евра што е за 19 отсто повеќе споредено со истиот период лани, односно 8 отсто повеќе споредено со првите десет месеци од 2019 година и за речиси 24 отсто повеќе во однос на 2018 година. Само во октомври компаниите активни во зоните оствариле извоз од 246 милиони евра. И во однос на вкупниот извоз во земјава ТИРЗ останува главен носител на извозните активности со удел од речиси 45 отсто, заклучно со достапните податоци од август годинава, информираат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Анализата, додаваат, покажува и раст на увозот во првите десет месеци од годинава.

-Увозот од јануари до октомври 2021 година е 2,441 милијарди евра што е за 43 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, додека споредено со 2019 растот е 15 проценти, односно 46 отсто раст има во однос на 2018 година. Увозот само за месец октомври е 215 милиони евра, прецизираат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Во октомври, потенцираат, е регистрирано и највисоко ниво на нето извозот од 14 отсто. Бројот на вработени е стабилен и останува во рамки на годишниот просек.

-Со оглед на тоа дека редовната анализа на ТИРЗ покажува стабилен нагорен тренд на раст на извозот и највисоки економски активности во зоните во првите три квартали од годинава во последниве четири години, се очекува ваквиот позитивен тренд да продолжи и до крајот на годинава и да се достигне, но и да се надмине границата од  3 милијарди извоз годишно што би била рекордно ниво до сега. ТИРЗ истовремено внимателно ги следи и ризиците со глобалните ланци на снабдување и доколку е потребно ќе се предложат мерки за справување со можните последици, порачуваат од Дирекцијата на ТИРЗ.

ТИРЗ,како што посочуваат, активно работи и на повеќе иницијативи, меѓу кои воведување на програми за домашни компании, заедно со ИФЦ наменети за технолошко унапредување и можност за вмрежување на домашните компании во синџирот на набавки, потоа програма за поттикнување на раст на продуктивност, наменета за развој на вештини и поттикнување на продуктивноста на работниците и компаниите, како и нова кампања за презентација на инвестициски можности  во странство со цел  поттикнување на инвестиции со фокус кон сите индустрии.

извор: МИА

Next Post
Васко Лазаревски

Напуштањето на БРТ системот е стратешка грешка која ќе го заглави Скопје

НАЈНОВО

„Скопје Синема Сити 2025“: Холандија во фокус и награда за Антон Корбајн

October 27, 2025

Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните  

October 27, 2025
Скриншот

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk