ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Обезбедивме квалитетна инсулинска терапија, за првпат сензори за мерење гликемија

November 13, 2021 10:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На 14 ноември Светскиот ден на дијабетесот годинава се обележуваат – 100 години од откривањето на инсулинот. „Пристап до современа дијабетска заштита“ е мотот на овој јубилеј, а ова само ја нагласува важноста за грижа на секој здравствен систем кон лицата со дијабет, односно пристап до модерна иновативна терапија, како би им се овозможил нормален живот на овие луѓе.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на Форумот организиран во чест на Светскиот ден за борба со дијабет, посочи за заложбите изминативе 4 години, кои се направени за унапредување на здравјето на лицата со дијабет и обезбедувањето современ пристап на лекување.

-Го укинавме паралелниот увоз на инсулин и терапија за дијабетис. Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак имавме контрола дали терапијата која им е потребна на пациентите во земјава влегува исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови. Со измените на законот за паралелен увоз воведовме сертификат за квалитет, како и систем за следење, и сега знаеме која доза лек каде завршила. Веќе не станува збор само за тоа како се третира дијабетот, туку секогаш мора да имаме предвид дека станува збор за начин на живот.Што значи дека не е само инсулинот како инсулин, како препарат, туку како целокупната филозофија и целокупниот пристап кон овие пациенти со цел тие да имаа што понормален живот, посебно децата, за да имаат нормален раст и развој. Имаме интензивна комуникација со претставниците на здруженијата за дијабет. Најпрво успеавме да слушнеме кои се вистинските проблеми, врз основа на проблемите со кои тие се соочуваат ги димензионираме нашите политики. Решенијата треба да им служат на тие на кои што се наменети – посочи министерот  Филипче.

Министерот рече дека сега се обезбедени пет нови препарати коишто овозможуваат уште подобра контрола на гликемијата, инсулини кои се кардиопротективни, го штитат срцето и крвните садови и со многу помала количина се контролира инсулинот до 20%.

-Она што во овој момент го правиме е постапката за првпат во нашата земја се набават сензори за мерење гликемија, а тоа значи дека наместо вообичаените боцкања за земање крв и мерење на шеќерот, сега се ставаат специјални сензори на надлактицата и тоа се мери со електронски девајс или со мобилен телефон – врз oснова на најнова технологија. Со ова уште повеќе го зголемуваме квалитетот на живот за овие пациенти, посебно за децата со што значително ќе се намали траумата која ја доживуваат од секојдневните боцкања со игли – рече Филипче.

Од вчера на ЈЗУ УК за Ендокринологија отворен е нов Ендокринолошки дијагностички центар, кој овозможува интегрирана, сеопфатна дијагностика на пациентите со ендокринолошки заболувања.

 

Next Post

Народната банка ги претстави макроекономските проекции пред меѓународната заедница

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk