Гласачите од општина Дебар, денеска (14 ноември) ќе избираат меѓу актуелниот градоначалник Хекуран Дука, кандидат на ДУИ поддржан од СДСМ и коалицијата и Беким Поцеста од Алијанса за Албанците-Алтернатива поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
Во единствениот избирачки список во оваа општина запишани се 19.211 лица, а се гласа на 27 гласачки места. Во првиот круг правото на глас го оствариле околу 42 отсто од запишаните.
Изборниот процес го набљудува ЦИВИЛ.