ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи од Брисел: Ја реафирмиравме потребата за силна европска и регионална соработка меѓу сите земји од ЈИЕ

November 15, 2021 12:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Брисел заедно со Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, учествуваше на неформалниот состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во рамките на грчкото претседавање 2021-2022.

На состанокот во рамки на овој регионален формат, се вели во соопштението од МНР, шефовите на дипломатиите дискутирале за приоритетите на грчкото претседателство, претставени со мотото „Зајакнување на синергиите во земјите на ЈИЕ“.

– ПСИЈЕ е клучен фактор во евро-интегративните аспирации на сите земји партнери, која како една од најстарите регионални иницијативи дава огромен придонес во обезбедувањето на траен мир, стабилност и економски просперитет во земјите од Југоисточна Европа, истакна Османи, се вели во соопштението од МНР.

Османи, во своето излагање ја реафирмираше потребата за силна европска и регионална соработка и солидарност при носењето на заеднички и координирани мерки за унапредување на севкупните односи меѓу државите, истовремено, алудирајќи и на очигледните предизвици кои постојат меѓу овие земји кога се зборува за партнерствата, меѓусебната поврзаност, синергиите и заедничката иднина.

– Северна Македонија како земја-членка на НАТО е многу поотпорна во споредба со минатото, политичката криза што уследи по нашите локални избори, сепак, зборува за одредена ранливост и промени во нашето општество. Секако, основните причини за сите овие негативни трендови се од вистинска природа, но нивниот забрзувач, или катализатор, лесно може да се антиципира во фактот дека ослабената перспектива за европска интеграција предизвикана со повторниот застој во процесот има реперкусии врз стабилноста и просперитетот, нагласи Османи.

Учесниците, стои во соопштеието, форумот го искористиле за унапредување на регионалната кохезија преку јакнење на политичката и економската соработка, како и кон демократијата, владеењето на правото, слободната пазарна економија и почитувањето на фундаменталните човекови права како основни европски вредности кои останува во фокусот на сите земји членки на ПСЈИЕ.

Османи, се вели во соопштението, во текот на денот ја продолжува работната посета на Брисел со учество на дебатата „Дискусија за иднината на Европа – перспективи и придонеси од Западен Балкан“, а предвидена е средба и со Мирослав Лајчак,  посебен претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград – Приштина./МИА/. 

Next Post

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk