ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Научните установи и институти едногласни: По цела деценија добиваме поддршка за проекти од државата, конечно слушнати потребите на научните работници

November 17, 2021 19:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заборавени цела деценија, седумте научните установи и институти кои добија средства за финансирање на научно-истражувачки проекти, го поддржуваат отворањето на новата програма на Министерството за образование и наука. Хидробиолошкиот завод–Охрид, Институтот за македонска литература–Скопје, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Институтот за национална историја-Скопје, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и Институтот за старословенска култура–Прилеп, односно сите јавни научни установи и институти во државата учествуваа на јавниот Конкурс и за тригодишно финансирање на по еден проект добија вкупно 19 милиони денари.

Раководителите на проектите на кои министерката за образование и наука Мила Царовска денеска им ги врачи договорите, ја поздравија иницијативата за финансирање на истражувачката дејност од државата.

„После десетгодишно отсуство на финансирање на проекти, имаме можност да работиме на електронско издание на македонска книжевна енциклопедија која ќе  вклучува период на 12-вековен развој, од 9 до 21 век’’ рече Наташа Аврамовска, научен советник во Институтот за македонска литература.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје низ тригодишно истражување ќе работи на Лексиката во народната проза.

„Знаете дека Институтот претставува своевидна лексикографска школа, можеби и го покрива недостатокот од лексикографски завод во државата. На овој начин ќе излезе уште еден речник од Институтот, понатаму тоа ќе биде Речникот на народната проза’’, рече Елена Јованова-Грујовска раководителка на проектот.

На проект за заштита на животната средина ќе работи Хидробиолошкиот институт од Охрид, а директорката Орхидеја Тасевска смета дека националните проекти ќе им овозможат непречено одвивање на теренските активности како и обука и унапредување на многу млади истражувачи. За Ермис Лафазановски од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, значајно е што конечно се слушнати сите јавни научни установи за тоа што им треба и во која насока треба да се развива научно-истражувачката дејност. Преку вакви проекти, нагласи Лафазановски, македонскиот фолклор ќе стане повидлив и на тој начин не само научната туку и заинтересираната јавност за македонскиот фолклор ќе има увид во тоа што го работи овој институт.

Институтот за старословенска култура од Прилеп, со проектот за средновековните населби во Пелагонија, Мариово и Порече, преку истражувања втемелени на археологија и историја на уметност, ќе овозможи добивање суштествени сознанија за културно – цивилизациските процеси од 6-7 век до средината на 17-от век во централните делови од Балканскиот полуостров.

Проектот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје, е комплексно научно истражување чија цел е да ги проучи последните два века на Албанците во Македонија. Институтот за национална историја од Скопје, преку проектот „Историјата и историографијата во јавните политики и во политиките на сеќавање“, има за цел осознавање на влијанието на доминантните етнонационални историски наративи во општеството, како врз јавните политики на сеќавање, така и врз јавното мислење во земјата.

Next Post
Мариета Дукиќ

Еден ден ќе се прекрстам со ново име

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk