ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев: Вложувањето во здравјето и благосостојбата на децата е вложување во општеството и во иднината

November 20, 2021 14:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Светскиот ден на детето, претседателот на Владата Зоран Заев, порача дека вложувањето во здравјето и благосостојбата на децата е вложување во општеството и во иднината. Истакна дека изминатиот период децата биле еден од приоритетите на Владата.

Заев на социјалната мрежа „Фејсбук“ подвлекува дека во прилог на исполнување на четирите основни принципи на Конвенцијата за човекови права во изминатиот период Владата покажала вистинска грижа за децата.

-Почнавме од почеток, таму каде децата се раѓаат. Министерството за здравство преку инвестирање во најсовремена опрема, обезбедување најдобри услови, обуки и едукација на лекарите и медицинскиот персонал во Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) овозможи европски стандарди во здравство во Северна Македонија за многу млади животи да бидат спасени. Од 2016 година до денес, смртноста кај предвреме родените бебиња е намалена од 25 отсто на 8,9 проценти и ќе продолжи да опаѓа. Министерството за труд и социјална политика во однос на заштита на правата на децата спроведува активности кои се во насока на намалување на детската сиромаштија, заштита на децата од насилство, зголемување на опфатот на децата во предучилишните установи, обезбедување услови за живеење на сите деца во средина најблиска на семејната, напиша премиерот Заев.

Додава дека изминатиот период биле изградени и реновирани 60 детски градинки во урбаните и руралните средини, потенцирајќи дека до крајот на мандатот Владата ќе се посвети на зголемување на капацитетите во детските градинки.

Тој потсети дека дел од руралните места, како што се Зрновци, Караслари, Врапчиште и многу други, по првпат добиле детски градинки, како и дека со цел намалување на детската сиромаштија се спровеле реформи со што се зголемил пристапот до правото на детски додаток за деца од семејства со ниски примања и на приматели на гарантирана минимална помош.

-Дополнително се воведе образовен додаток, за деца од училишна возраст, во основно и средно училиште од семејства со ниски примања и за деца на корисници на гарантирана минимална помош. Со деинституционализацијата ниту едно дете до 18 години повеќе не живее во гломазни институции. Децата се сместени во мали групни домови и згрижувачки семејства со што се овозможи децата да живеат во средина која е најблиска до семејната, вели Заев.

Next Post

Филипче: Граѓаните имаат избор или да направат ПЦР тест што ќе го платат сами, или да се вакцинираат бесплатно

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk