ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Живковиќ: Стабилно парламентарно мнозинство ќе донесе минимална плата од 18.000 денари и недела неработен ден

November 20, 2021 15:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– Отворено ги прашуваме пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ Алијанса за Албанците и Левица: што имате против работничките и работниците да го добијат недела како неработен ден, на денешната прес конференција праша Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

„Зошто сте против 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а преостанатите 8 проценти кои ќе работат да добиваат до 100 отсто зголемена дневница?

Всушност, знаеме зошто пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Алијанса и Левица ги блокираат измените во Законот за работните односи: тоа го прават за нашето општество да не добие позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд а од тоа бенефит да имаат сите!

Ваквите измени на Законот, нормално, не им одговараа да се случат пред локалните избори.

Од истите причини ги блокираат и законските измени со кои 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе добијат решение за трајно вработување со што ќе стенат правна и економска сигурност.

Од истите причини го блокираат и предлог Законот за отпис на камати на долгови, со што на над 150.000 граѓани ќе им се помогне да го решат проблемот со задоцнетото плаќање на долговите кон јавните и државни претпријатија.

Од истите причини пратениците од опозицијата најверојатно ќе се обидат да го блокираат и веќе најавеното зголемување на минималната плата на 18.000 денари планирано за јануари 2022 година.

Долго време го блокираа и субвенционирањето на платите од 14.500 денари со пакетите антикризни мерки и не ни помислија како преживуваат работниците и работничките тие неколку месеци колку што им траеше блокадата!

Пратеници од опозицијата, вам воопшто не ви е грижа за работниците и нивните права, вие сте желни за гола власт, што впрочем и го покажавте пред целата јавност, со вашето однесување изминатите денови.

Локалните избори завршија, не успеавте да обезбедите кворум за гласање недоверба на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а нашето парламентарно мнозинство е во процес на зголемување!

Затоа, престанете со евтините политички трикови, тргнете ги блокадите што континуирано ги поставувате – тоа деновиве ви го порачаа и синдикатите кои децидно побараа да се усвојат законите кои се во интерес на работниците и работничките.

Почитувани работнички и работници, Ве уверуваме дека зголеменото и стабилно парламентарно мнозинство повторно ќе ги порази блокадите и опструкциите на опозицијата, а Владата предводена од СДСМ, како и досега ќе продолжи да работи во интерес на сите граѓани и граѓанки, ќе обезбеди повисока минимална плата а недела ќе биде неработен ден!“, истакна Живковиќ.

 

Next Post

Диви животни без документација пронајдени во угостителски објект во с.Чегране

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk