ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кој е полковникот Драган Ковачки – предложен од опозицијата за прв полицаец?

Антикорупциска комисија покрена постапка за Иванов бидејќи ги унапредил офицерите на повисоки позиции откако биле распишани избори.

December 29, 2019 09:35
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ПремиеротЗоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сè уште не се договорија за предлогот на опозицискиот лидер за технички министер за внатрешни работи. Во јавноста се лицитира со името на полковникот Драган Ковачки.

Армискиот полковник Драган Ковачки е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи, дознава Телма. Полковникот Ковачки во моментот е нераспределен во служба во АРМ, а неговото име беше во последните унапредувања на поранешниот претседател Иванов. Ковачки тогаш беше назначен за командант на Првата механизирана пешадиска бригада со база во касарната Петровец, но таа функција ја обавуваше само неколку месеци, објави Телма.

Унапредувањата на Иванов, меѓу кои и на полковникот Ковачки беа поништени од новиот претседател Пендаровски. Антикорупциска комисија покрена постапка за Иванов бидејќи ги унапредил офицерите на повисоки позиции откако биле распишани избори.

Полковник Драган Ковачки има завршено повеќе школи, курсеви и бил на повеќе усовршувања. Пред да стане командант на бригадата бил во Министерството за одбрана односно бил раководител на Воената служба за безбедност и разузнавање. Ковачки има учествувано и во мисии во Авганистан и во Ирак како припадник на АРМ. Добитник е и на повеќе воени признанија.

Еве што пишува во биографијата за Ковачки, која ја објави телевизијата „Алсат-М“:

Бил командант на 1. механизирана пешадиска бригада, началник на секција за операции и борбена готовност во 1. механизирна пешадиска бригада.

Бил раководител на Секторм – Служба за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана.

Бил началник на одделение за контраразузнавање во воената служба за безбедност и разузнавање.

Бил офицер за разузнавање и вршител на должност началник на секција за безбедност и разузнавање во полкот за специјални операции.

Бил офицер за специјални операции и за разузнавање во мисија Слобода за Ирак-1 и командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.

Одликуван е со признанија за својата работа како што се: Плакета на АРМ за учество во мисија „Слобода за Ирак-1“, Пофалница за остварени резултати во процесот на борбена обука и воспитување, медал на командно-штабната школа во Р. Хрватска.

Родител е на две деца и е од Скопје.

Next Post

СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ без договор кој ќе го наследи Спасовски во МВР

Shortcut

Најново

Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk