ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Сите ние загинавме во автобусот во Бугарија

November 24, 2021 07:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ТРАГЕДИИ, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Како може автобус кој не бил пријавен за меѓународен превоз – значи, ја немал потребната документација воопшто да ја помине границата – тоа да го правел во којзнае колку наврати, којзнае од кога? Дали е можно, вон фабричката спецификација, да имал додадени танкови за гориво (кои се можната причина за големиот пожар), бидејќи во некои земји каде што се возел цената на горивото била пониска од некои други земји во коишто превезувал патници? Дали е можно за време на паузата дваесетина минути пред трагедијата некои патници да си ги размениле местата со некои други во останатите три автобуси во туристичкиот конвој? Дали е можно вратите на автобусот автоматски да не се отвориле при ваква тешка несреќа затоа што, можеби, и пред несреќата биле неисправни? Дали е можно…

Одговорите на сите вакви и слични прашања се изгледно позитивни, некои веќе потврдени, а други потенцијално можни, па иако истрагата ќе ги утврдува сите (па и овие) околности врзани за големата автобуска несреќа во Бугарија, речиси е сигурно дека димензиите на трагедијата е след од настани кои повторно упатуваат на сплет од фактори врзани за непочитувања на јасни прописи наменети за зголемена безбедност во сообраќајот. Тоа, во основа, е резултат на непрофесионализам, коруптивни практики (20-тина евра на граница или во технички сервис, не мора да е ништо повеќе!) или немарност во службата во чие средиште е секогаш „човечкиот фактор“, со општиот балкански менталитет којшто владее на овие простори.

Приказната не е само „македонски специјалитет“: бугарскиот автопат „Струма“, според медиумите кај нашиот источен сосед, важи како еден од најопасните во Европа, на што упатуваат и анализите од местото на настанот на кобната сообраќајка. Од тоа како е лошо изграден уште пред десетина години (тажната иронија да биде поголема, го градела македонска градежна фирма), преку тоа како е лошо одржуван, до тоа како е опасно (не)означен на самото место на трагедијата (на пример, погледајте ги анализите на бугарските колеги од местото на настанот). Коловозните ленти од три, пред свиокот, наеднаш преоѓаат во две, без јасно и правовремено навестување за возачите, особено во услови на ноќно возење, по влажен коловоз.

Бугарската регионална министерка Виолета Комитова вчера формираше специјална комисија чијашто задача е во рок од пет дена да произведе извештај за состојбата на целата патна делница за да се види дали други сообраќајни фактори, а не само оние врзани за самиот автобус и неговото управување, може да се причина за ужасниот карамбол.

А потоа следува уште полош развој на настаните: во најдобар случај, ќе се бараат оставки од високи надлежни функционери, околу тоа ќе се поведат грамадни исполитизирани дебати во јавноста, а истрагите и судските процеси ќе траат со години, речиси редовно без да го чепнат целиот последователен механизам на пропусти, со некакви (или никакви) пресуди по многу години судски рочишта по кои, нормално, гневот на јавноста ќе мора да го плати некој министер, но не и дузината од оние кои придонеле – да, без директна умисла, но сеедно криминално непрофесионално и неодговорно – за катастрофалниот исход на несреќата. Да не се лажеме: „дузината од оние“ сме, всушност, сите ние кои, на еден или на друг начин, придонесуваме за „полусветот“ во кој живееме.

Само загинатите на време и со сите верски и државни почести, ќе бидат уредно погребани.

Ете, за некој месец ќе се навршат три години од онаа слична автобуска сообраќајна трагедија кај селото Ласкарци, а јасен и правосилен исход од судењето сѐ уште нема. А и тогаш, со болниот крик на јавноста, се бараше брза и сеопфатна истрага и судење, меѓу другото, за такви ужаси да не ни се повторуваат…

Затоа и мислам дека сите ние вчера, рано наутро, загинавме во автобусот во Бугарија на автопатот „Струма“. Само е прашање на лоша среќа, зла судбина за оние кои се погодиле токму тогаш, токму на тоа место да се возат во него.

Мислите ли дека и од оваа трагедија ќе извлечеме некакви подалекусежни, општествени поуки? Жалам, но не верувам. И едвај чекам да бидам демантиран.

ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

Втор ден жалост за жртвите од автобуската несреќа

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk