ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ТРАГЕДИИ И КАТАСТРОФИ

(ВИДЕО) Пивоваров за трагедијата: Ако ви понудат ниска цена, нешто не е во ред, оној кој работи легално поминува низ повеќе технички прегледи

-Кога ќе извадите лиценца за возило, влегувате во даночниот систем. Ако имате смешна цена за патување зарем не се прашувате како е тоа можно? Ако ви понудат ниска цена, нешто не е во ред. Оној кој работи легално поминува низ повеќе технички прегледи и има повеќе трошоци, вели Пивоваров.

November 26, 2021 10:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ТРАГЕДИИ И КАТАСТРОФИ
Share on FacebookShare on Twitter

Полека се расчистуваат околностите околу трагедијата со македонскиот автобус на автопатот „Струма“ во Бугарија и се елиминираат шпекулациите за самата несреќа. Меѓутоа, несреќата отвори многу други прашања за безбедноста и исправноста на работењето на транспортните компании. Во Утрински брифинг говори Владимир Пивоваров, национален координатор за гранично управување.

-Ќе мора да се раздели законскиот дел за надлежностите на институциите. Член 49 за транспорт и врски ги разделува овие работи – царинските службеници се надлежни сите возила за меѓународен транспорт да поседува лиценца. Спроведена е истрагата во Царина и суспендирани се двајца цариници. Не е оправдување тоашто имало гужва на граница. Во издавањето интербус дозволи преку ИПА2 требаше да имаме интегриран компјутерски систем за сите возила, но средствата беа повлечени затоа што не беа искористени и беа пренаменети за лаборатории на крим-техника во МВР. Преку база на податоци веднаш ќе можеше да се знае дали е валиден документот на возилото, вели за Утрински брифинг Владимир Пивоваров, национален координатор за гранично управување.

Не велам дека возилото имало фалсификуван документ или нешто такво. Сега сѐ е во сферата на шпекулации. Професионалноста треба да биде во преден план, а не рутината. Треба да се проверат патниците во автобусите, не по бројка туку по лични документи, додава Пивоваров.

По овој случај повторно се разгореа шпекулации за корупција.

-Кога ќе извадите лиценца за возило, влегувате во даночниот систем. Ако имате смешна цена за патување зарем не се прашувате како е тоа можно? Ако ви понудат ниска цена, нешто не е во ред. Оној кој работи легално поминува низ повеќе технички прегледи и има повеќе трошоци, вели Пивоваров.

Тој додава дека во вакви ситуации на немање документи, цариниците треба да го тргнат возилото на страна и инспекторатот изрекува казна. На црните превозници со комбиња им се одземаат возилата за да не го повторат прекршокот, но по две години судот им ги враќа и им се исплаќа отштета. Превозот на патници на црно е толку масовен што јавно се рекламираат на Фејсбук, коментира Пивоваров.

Но, се остава впечаток дека иако сѐ се знае и е очигледно, никој од надлежните не реагира и топката се префрла од институција на институција.

Next Post

Пендаровски именуваше претседател и членови на Комисијата за помилување и член на Комисијата за одликувања и признанија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk