ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОН: Државата може да оди напред со стратешки вложувања во науката, оценка на панелистите на конференцијата „Наука за развој, заедно е возможно“

November 26, 2021 13:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку јавен повик МОН распредели 224 милиони денари за финансирање на научно-истражувачки проекти за поддршка на развој на лабораториските ресурси на факултетите, научните институти и јавните научни установи. На панел дискусијата ,,Вложување во развој на науката”, во рамки на конференција „Наука за развој, заедно е возможно“ што ја организираше Министерството за образование и наука (МОН), проф. д-р Зехра Хајруали Муслиу, од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје посочи дека финансиската состојба на нашата држава е далеку поразлична од развиените земји, но сепак, наоѓа сили и можности за финансирање на научно-истражувачки проекти, во случајов високософистицирани.

„Ниту економските состојби ни децениските (не)вложувања во науката се прашања кои може да се решат сега и веднаш. Да бидеме реални, менувањето на политиката и свеста за вложувањето во науката, преку транспарентноста на МОН, преку отворениот пристап кон сите, преку зацврстување на единството меѓу образованието и науката,  а што е најбитно, со зацврстување на академската заедница, стопанството и државата, како заеднички партнери, се чекори за поздравување“, рече Хајруали Муслиу.

За доц. д-р Ирена Рамбабова Бушлетиќ, од Клиниката за нефрологија при Медицинскиот факултет во Скопје, иако изминатите две години медицинските работници го живеат најтешкиот период поради пандемијата, и во такви услови успеваат да се посветат на научна дејност и да размислуваат за развој на научно-истражувачки проекти, се со цел да се подобри третманот на пациентите.

„Битно е научните идеи да бидат препознаени од носителите на политики, и тука наидовме на поддршка. Со финансирањето на една многу сензитивна сфера, финансирањето на науката е всушност вложување во луѓето“, нагласи доцентката Рамбабова Бушлетиќ.

Инвестициите во образованието и науката се инвестиции во човечки капитал а со тоа и во развој на државата и во подобра иднина. Затоа е многу значајно што Владата и Министерство за финансии преку Буџетот секоја година ги зголемуваат буџетските средства за наука и за истражувања, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Инвестициите во човечкиот капитал обезбедуваат подобри и релевантни вештини и знаења и имаат влијание врз подобрување на продуктивноста и забрзување на економскиот раст. Оваа влада пристапува стратешки на развојот на образованието, науката и здравството, со цел поголема активност на работоспособното население. Ова се вложувања кои треба да резултираат со повисоки стапки на раст, како што ги планираме, преку зголемување на конкурентноста на нашата економија“, рече министерот Бесими.

Иако се ограничени буџетските можности, министерот нагласи дека со Предлог-буџетот, за образованието и науката во наредната година се планирани средства од 30,4 милијарди денари кои се за 6,2 проценти повисоки во споредба со 2021 година.

 

Next Post

Светот со рестрикции за патувања од ЈАР поради новата варијанта на коронавирусот, СЗО вели дека е избрзано

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk