ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Ја следиме ковид-состојбата во училиштата, во моментов е стабилна

November 29, 2021 12:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата со коронавирусот во училиштата е стабилна и тие остануваат отворени за настава со физичко присуство на учениците, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

Бројките што ги соопшти се исти како и во минатите недели, нема голем број ковид-позитивни ученици. Процентот на новозаразени според дневните статистики, рече, се движи од 0,01 до 0,03, а вкупниот број активни случаи во училиштата не надминува 0,3 отсто од вкупно 255 илјади ученици коишто следат настава со физичко присуство.

Посочи дека уште од летото училиштата се подготвени за три сценарија и дека најпосакувано е настава со физичко присуство бидејќи е од најголем интерес за учениците.

– Се следи ситуацијата и таа е стаблна во моментов. Но, доколку имаме алармантна ситуација и потреба од носење рестриктивни мерки и во другите сектори, секако дека Министерството за здравство заедно со Министертството за образование и наука ќе разгледува можности за следните сценарија. Но, апелирам дека ситуацијата е стабилна во моментов и дека во највисок интерес на секој ученик е тој да биде во училиште. Тоа не е само наша проценка, туку и според меѓународните организации што работат на квалитетот на образованието во целиот свет, посебно во земјите во развој како што е нашата, изјави Царовска по доделување на наградите од Конкурсот за ученици од основното образование инспирирани од делата на Блаже Конески.

Во врска со претстојниот конгрес на СДСМ на кој ќе се избира нов партиски лидер и нови состави на органите на партијата, Царовска одговори дека постапката е отворена и сите членови, рече, многу транспарентно имаат можност да се пријават.

– Мислам дека целиот тој процес на демократски начин ќе се одвива во нашата социјалдемократска партија, рече Царовска која е еден од потпретседателите на СДСМ. /МИА/.

Next Post

Украина втор противник на македонските кошаркари во мундијалските квалификации

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk