ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Северна Македонија прва прави енергетска транзиција на Западен Балкан

November 30, 2021 15:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата активно работи на енергетска транзиција во зелена енергија, односно на искористување на сонцето, ветерот и водата за постепено менување на производството на електрична енергија од јаглен кон производство на електрична енергија од обновливи извори, а еден од нејзините приоритети е обезбедувањето на сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелена економија, информираше министерот за економија Крешник Бектеши на 19. Состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница (ЕЗ) во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој ги презентираше успешните резултати посебно во делот на практичното спроведување на првите аукции за доделување на премиум тарифи за изградба на фотонапонски централи, процес кој беше поздравен од сите меѓународни институции.

Министерот информираше дека во фаза на градба се веќе 60 мегавати на фотонапонски електрани по пат на премиум тарифи, и 100 мегавати во Осломеј по пат на јавно приватно партнерство кои ќе го заменат РЕК „Осломеј“.

-Првата фотонапонска електрана на „ЕСМ“ во Осломеј од 10 мегавати е готова, значи станува збор за 170 мегавати електрани на сонце или 10 пати повеќе од 17-те мегавати изградени во претходните 11 години. Со изградбата на две по 50 мегаватни електрани во Осломеј на приватни инвеститори, како и на две по 10 мегавати сопствена инвестиција на „ЕСМ“, ја правиме првата енергетска транзиција на електрана на јаглен со фотонапонска електрана, што е пример за останатите земји во регионот на Западен Балкан и на Југоисточна Европа, рече Бектеши.

Донесовме, додаде, Закон за стратешки инвестиции, според кој веќе неколку сериозни инвеститори ќе реализираат големи проекти за стратешки инвестиции како што се „WPD“ од Германија за изградба на 415 мегавати ветерна електрана, „EFT Group“ за изградба на 80 мегавати фотонапонска електрана, Акуо Енерџи“ (Akuo Energy) од Франција за изградба на најголемиот соларен парк од 350-400 MW во земјата.

-Ова за нас е показател дека добро сме ги сработиле реформите, сме ја донеле потребната легислатива и сме создале услови за инвестирање, тоа е суштината на постоењето на владите и администрацијата, да создадат фер услови за сите, кажа министерот Бектеши.

Примената на обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност се дело од рамките на реализацијата и на Зелениот договор на Европската Унија кој има јасна цел – климатски неутрална и поотпорна Европа до 2050 година.

И нашата земја го поддржува Европскиот зелен договор за одржлива економија преку претворање на климатските и еколошките предизвици во можности и правење на транзиција, праведна и инклузивна за сите.

На состанокот со кој претседаваше српската вицепремиерка Зорана Михајловиќ се дискутираше за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со Договорот за основање на Енергетската заедница, меѓу кои статусот на имплементација на Договорот во областите електрична енергија, природен гас, обновливи извори на енергија, клима, енергетска ефикасност, животна средина. На крајот преку гласање на сите земји беше назначен Артур Локовски за нов директор на Секретаријатот на Енергетска заедница.

По завршувањето на Министерскиот состанок, Бектеши оствари билатерална средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ.

На средбата беше изразена поддршката на двете земји за зголемување на соработката во енергетскиот сектор преку проекти за регионално поврзување. Министерот Бектеши истакна дека зголемувањето на билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Србија е од клучна важност за растот на економиите на двете земји.

Next Post

Денес се регистрирани 460 нови позитивни случаи

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk